Како да си помогнеш ако те мачи несоница

Несоницата или инсомнија е состојба при која постои проблем со заспивањето, со останувањето заспан или паралелно се присатни и двата проблема.

Инсомнијата може да трае кратко, но може да биде и хронична, важно е и во двата случаја да се превземат навремени мерки пред преморот да предизвика сериозни последици, во кој дури може да биде загрозен и сопствениот или туѓ живот.

За менаџирање на инсомнијата постојат два основи начини, медицински базиран на употреба на лекови и алтернативен начин.

Понекогаш прво што е потребно да се направи за да се реши проблемот со инсомнија е да се променат некои животни навики и штетни однесувања.

Како на пример:

  • Да се намали кофеинот што се конзумира особено во вечерните часови
  • Да се избегнува вежбање блиску до времето за спиење
  • Да се избегнува минување на долго време во кревет гледајќи ТВ, пратејќи ги социјалните мрежи и слично
  • Доколку инсомнијата е резултат на некое заболување тогаш да се превземат мерки за лекување на примарната причина

Понекогаш за третман на инсомнија се користат и лекови.

Најчесто се користат антихистаминици, кои можат да се купат и без рецепт, но затоа што овие лекови можат да имаат и несакани ефекти особено кога се користат долгорочно, пожелно е пред да се започне со нивна употреба да се консултира лекар.

Постојат и лекови кои се издаваат на рецепт, но не секој лек одговара секому и затоа никако не смее да се позајмуваат од друг или да се изнаоѓа начин за како да се дојде до нив без да бидат препорачани од доктор, како резултат на детален лекарски преглед.

Алтернативните методи за справување со инсомнијата вклучуваат пред се правење на промени во животните навики, дополнето со употреба на некои домашни “лекови” како што се на пример хербалните чаеви од валеријана, камилица, маточина, или капки.

Медитацијата истотака претставува еден лесен и природен начин кој може да помогне за подобар и поквалитетен сон, затоа што медитациските практики помагаат за намалување на стресот, анксиозноста, депресијата и ред други работи кои го нарушуваат ритамот на спиење.

Од природните состојки најчесто се користи мелатонин, кој и нормално се создава во човечкото тело и е важен за одржување на нормалниот циклус на спиење.

Есенцијалните масла од камилица, лаванда, кедар, нероли и горчлив портокал истотака се употребуваат како помош за полесно заспивање, но за да не предизвикаат несакани ефекти потребно е да се користат на точно пропишаниот начин за ароматерапија.

Инсомнијата е многу честа за време на бременоста, особено во првиот и во третиот триместар.  Советите кои им се даваат на бремените жени вклучуваат да бидат физички поактивни за време на бременоста, здраво да се хранат, да бидат добро хидрирани, да одржуваат редовна рутина за спиење, да практикуваат релаксирачки техники во тек на денот или пред спиење да се тушираат со топла вода.  Додатоци во исхраната, лекови или физички вежби оваа група на жени не смее да прави без консултација и препорака од лекар.  За среќа ваквиот тип на инсомнија некогаш поминува и сам и не се одраазува негативно врз развојот на бебето.