Како до нормален холестерол?

Холестеролот е липид со восочеста структура кој природно се создава во човековото тело, и е неопходен за одвивање на различни физиолошки процеси.  Проблемите настануваат кога неговата концентрација подолго време ќе остане покачена над нормалната, односно кога ќе се развие хиперхолестеролемија.

Хиперхолестеролемијата иако може да постои незабележливо, дури и без развој на никакви симтоми, всушност е опасна состојба која може дури и да го загрози животот.

Доколку високиот холестерол е последица на некоја примарна болест, тогаш за тој да се доведе во границите на нормалата потребно е да се лекува примарната причина.

Но, доколку е резултат на неправилен односно нездрав начин на живот во комбинација со генетска предиспозиција, тогаш прв чекор кој се превзема е промената на животните навики со голем акцент врз начинот на исхрана.

Постојаното внесување на нездрава храна, која е богата со заситени масти или транс масти е еден од факторите за појава на висок холестерол.

Транс мастите ги има најмногу во пржената храна, во процесираната храна, вклучувајќи ги и грицките и слатките.

Извор на заситени масти се мрсните парчиња месо, но и полномасните млечни производи.

Корегирањето на исхраната во насока на поголем внес на немасна и растителна храна, а особено со акцент на свежата храна може да помогне за нормализирање на покаченото ниво на холестерол.

Намалувањето на прекумерната телесна тежина истотака позитивно може да се одрази во случајот на хиперхолестеролемија.

Одржувањето на редовна физичка активност е исклучително важно за сите кои сакаат да имаат подобро здравје, а особено за лицата со висок холестерол.

Вежбањето не само што помага за намалување на прекумерната телесна тежина, туку го намалува лошиот и го покачува нивото на добриот ХДЛ холестерол.

Наспроти вежбањето, пушењето цигари влијае негативно така што го намалува нивото на добриот ХДЛ холестерол.  Прекумерното пиење на алкохол истотака има негативно дејство затоа што може да го зголеми нивото на вкупниот холестерол.

Усовојувањето на поздрави животни навики, со адаптирање на исхраната е неизбежен чекор во лекувањето, но и во спречувањето на појавата на хиперхолестеролемија.

Дополнителен чекор кој може да се превземе и допринесе за постигнување на уште подобри резултати е надополнувањето на исхраната со специјално формулирани додатоци кои би придонеле за одржување на нормално ниво на холестеролот.

Dr.Viton HOLESTERID е најнов производ од палетата производи Dr.Viton кој содржи внимателно одбрани природни состојки кои би можеле да допринесат за одржување на нормално ниво на холестеролот.

Dr.Viton HOLESTERID во својот состав содржи црвен квасец од ориз, екстракт од артичока, лист од маслинка, грчко семе и зелен чај.  Со внес на само 1 капсула од Dr.Viton HOLESTERID на ден, во телото се внесуваат и 100мг црвен квасец од ориз, односно 2,9мг Моноколин К, што дополнително оди во прилог на ефикасноста на овој уникатен производ.  Во состав на овој производ влегува и ниацин.

Dr.Viton HOLESTERID може да се нарача веднаш на следниов линк

Holesterid – за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта – Алфалаб (alfalab.mk)

Или на телефонскиот број: (02) 3218-821 (секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)

И во најбрз можен рок ќе биде доставен на посакуваната адреса со брза пошта!

Dr.Viton HOLESTERID може да се набави и од сите подобро снабдени аптеки.