Како старечката макуларна дегенерација влијае врз централниот вид

 

Старечката макуларна дегенерација е болест која се појавува вообичаено кај лицата над 50 годишна возраст.  Предизвикува заматен или намален централен вид, како последица на истенчувањето на макулата.

Макулата е дел од ретината, која е одговорна за јасен вид кога гледаме централно пред нас.

Има два типа на старечка макуларна дегенерација, сув и влажен, од кои понекомплициран, но и почест е сувиот вид.

Сувиот вид може да се појави одеднаш на двете очи, или на едното, па подоцна да се прошири и на другото.  Со тек на времето прогресира и почнува да го намалува видот, на начин што го отежнува извршувањето на секојдневните работи во близина, така на пример луѓето кои патат од оваа болест може да имаат потешкотии со читање, препознавање ликови, возење итн.

Кај некои луѓе може да дојде само до умерено нарушување на видот, а кај други оштетувањето може да е посериозно.

Симптомите на сувата макуларна дегенерација, вообичаено се јавуваат постепено и без болка. Тие се следниве:

  • Визуелни дисторзии, на пример правите линии личат свиткани
  • Намален централен вид во едното или во двете очи
  • Потреба за посилно светло при читање или работење нешто блиску
  • Потешко адаптирањепри влез во простории каде е потемно
  • Зголемена заматеност на испечатени зборови
  • Намален интензитет на боите
  • Потешкотии при препознавање на ликови
  • Добро дефинирано заматено поле или слепа точка во видното поле

Во двата случаи, и при сува и при влажна макуларна дегенерација, важна е раната дијагностика, и практикувањето на превентивни мерки со цел да се намали потенцијалната загуба на видот.