Како што старее човечкото тело, така старее и кожата. Стареењето на кожата се приметува преку промената во нејзиниот изглед.
Со тек на годините таа ја загубува својата еластичност и цврстина. Поради истенчувањето на површинскиот епидермален слој, како и на дермисот под него, што истотака е дел од процесот на стареење, кожата почнува да поприма транспарентен изглед.
Како што се нарушува бариерната функција на епидермисот, од кожата засилено почнува да се губи влагата и таа со тек на времето станува се посува. Со промената на структурата кожата почнува да ја губи и својата самообновувачка функција, а почнуваат да се појавуваат и брчки.
Уште во триесетите или четириесет години, почнуваат да се забележуваат мимичките брчки кои се резултат на секојдневната мимика на лицето.
Положбата при спиењето истотака може да допринесе за развој на некои брчки кои истотака стануваат се повидливи како што кожата ја губи својата еластичност.
Како што старее кожата станува почувствителна и полесно се оштетува под налетот на надворешните влијанија. Полесно се создаваат модринки, како и неканцерозни лезии.
Со стареењето на кожата доаѓа и до губење на маснотиите во поткожното ткиво, поради што кожата почнува да наликува како да пропаѓа, најчесто во пределот на образите, очите, јаболчиците, брадата и носот, поради што всушност почнува да се менува и изгледот на лицето.
Штетното УВ зрачење од сонцето дополнително го поттикнува стареењето на кожата, такашто го оштетува еластинот, ја нарушува нормалната структура и функција на кожата, но честопати е потребно да мине некое време пред да стане очигледна штетата која ова зрачење всушност ја причинува.
Земјината гравитација истотака влијае врз процесот на стареење на кожата особено кога е намалена еластичноста и тоа прво се приметува на очните капаци кои почнуваат да се спуштаат, на образите, на вилицата и брадата. Неретко се забележува и издолжување на ушните ресички.
Загадувањето од околината, но и пушењето истотака го засилуваат процесот на стареење на кожата и за да се поднамали ова штетно дејство, потребна е употреба на силни антиоксиданси.
Научните истражувања и студии имаат покажано дека меѓу редицата на антиејџ супстанции, особено важно место треба да завземаат омега 3 масните киселини поради повеќекратните придобивки кои ги нудат на кожата.
Омега 3 масните киселини имаат антиоксидативно и противоспалително дејство, заштитуваат од клеточни ошетувања под дејство на слободните радикали, како и од УВ зрачењето, и го спречуваат предвременото стареење.
Ја одржуваат нормалната структура и функција на кожата, ја засилуваат природната одбрамбена способност на кожата, делуваат директно на билипидниот слој на клеточните мембрани и ја спечуваат дехидратцијата, одржувајќи ја кожата беспрекорно нахранета, хидрирана и здрава.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се додаток во исхраната кои содржат 1.000 мг органско масло од чиа. Ова масло содржи 55% алфа-линоленска киселина, есенцијална омега 3 масна киселина од растително потекло, одличен избор за сите вегетаријанци, како и оние кои не би сакале да козумираат продукти од риба.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се достапни во аптекитe на: Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во сите други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на DM и Cosmo – Тинекс.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите можеш лесно и брзо да се нарачаат и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/chia-oil/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, и за рекордно кратко време ќе бидат доставени на посакуваната адреса со брза пошта!