Кои се симптомите на депресијата и како да ја препознаеш

 

Депресијата е состојба која предизвикува постојано чувство на тага и загуба на интерес.  Депресијата има влијание врз тоа како ние се чувствуваме, како размислуваме и како се однесуваме, и може да доведе до најразлични емотивни и физички проблеми.

Може да прогресира и да го оневозможи дури и секојдневното извршување на обврските, па дури и да создаде чувство дека животот не вреди за да се живее.

Лекувањето на оваа состојба е долготрајно, и не постои магично копче кое лицето кое пати од депресија едноставно ќе го вклучи веднаш во нормалноста.

Симптомите на дeпресијата истотака се долготрајни, се јавуваат речиси постојано и го вклучуваат следново:

  • Чувство на тага, плачливост или безнадежност
  • Испади на лутина, иритабилност или фрустрација и за најситни нешта
  • Губење на интересот и чувството на задоволство за билокаква активност
  • Проблеми со сонот, како несоница или претерано спиење
  • Измореност и недостаток на енергија
  • Намален апетит и слабеење, или зголемен апетит и покачување на телесната тежина
  • Анксиозност, вознемиреност
  • Побавно размислување или движење на телото
  • Чувство на безвредност или вина, самообвинување поради грешки во минатото
  • Проблеми со размислувањето и концентрацијата
  • Проблеми со меморијата
  • Чести мисли за смртта, и самоубиствени мисли
  • Необјасниви физички симптоми како полки во грбот и во главата

Кај многумина од оние кои имаат депересија, ваквите и слични симптоми се толку силни што ги прават да бидат недоволно способни за извршување на секојдневните обврски и активности.  А постои и група на луѓе кои не знаат дека патат од депресија, но не знаат и зошто речиси постојано се чувствуваат тажно и безволно.

Депресијата честопати се среќава и кај постарите лица, кои почнуваат да имаат видливи промени во карактерот, почнуваат да имаат проблеми со меморијата, физички болки, изнемоштеност и загуба на апетит, загубен интерес за сексуалните активности, проблеми со спиењето, намалена желба за социјализирање, самоубиствени мисли кои се почести кај повозрасните мажи итн.  Но, за жал токму кај оваа повозрасна група на лица, депресијата минува недијагнозирана и нетретирана и најчесто и се препишува на староста.

Депресијата е сериозна состојба која може да се појави кај сите возрасни групи, вклучувајќи ги и децата, и токму затоа е важно да се знаат нејзините симптоми и да се превземат соодветни мерки за нејзино навремено надминување.