Одговорот на прашањето дали црниот дроб е преоптоварен и дали му е потребна помош, може да се најде во начинот на живот, во комбинација со моменталните здравствени тегоби.
Доколку постојат симптоми како хронична измореност, проблеми со варењето на храната, дијареа, констипација, подуеност, проблеми со регулацијата на шеќерот во крвта или холестеролот, потешкотии со мисловниот процес итн, возможно е причината да биде преоптовареноста на црниот дроб зa непречено одвивање на сите функции за кои тој е задолжен.
Црниот дроб е орган во кој постојано се одвиваат голем број на физиолошки функции, а некои од нив се следниве:
Ја помага дигестијата
Жолчката која е неопходна за варењето на мастите се создава во црниот дроб, доколку тој не ја создаде во доволна количина телото нема да може да ги искористи мастите внесени со храната.
Ги филтрира хранливите состојки од крвта
Низ црниот дроб поминува крвта која доаѓа од дигестивниот тракт која ги носи нутритиентите кои сме ги внеле со храната. Црниот дроб ја филтрира крвта и ги метаболизира и складира хранливите состојки, витамини и минерали.
Го детоксифицира телото
Црниот дроб е главниот детоксифицирачки орган во телото. Тој има задача да ги инактивира токсините кои на различни начини доспеваат во организмот и да помогне во нивното безбедно отстранување.
При поголема изложеност на отрови кои на различни начини може да доспеат во човечкото тело се бара и позасилена работа од страна на овој орган.
Влијае врз имунитетот
Преку регулирање на нормалниот имун одговор, како и преку создавање и складирање на имуните клетки, црниот дроб е важен и за нормално функционирање на имуниот систем. Токму затоа падот на имунитетот, кој се манифестира на пример со чести настинки, како и поттикнувањето на несоодветен имун одговор истотака можат да посочат на проблеми во функционирањето на овој орган.
Контрола на шеќерот во крвта
Црниот дроб активно e вклучен и во регулирањето на нивото на шеќер во крвта. Токму затоа и проблемите со регулацијата на шеќерот во крвта можат да посочат на преоптовареност на црниот дроб.
Нарушувањата во коагулацијата на крвта, но и во одржувањето на рамнотежа на течностите истотака може да асоцираат на нарушена црнодробна функција.
За да се надминат ваквите и слични проблеми кои се последица на преоптовареност на црниот дроб, потребно е тој да се растерети и да му се создадат поповолни услови за да се одмори и обнови.
Здравото менаџирање на стресот, свесното намалување на изложеноста на токсини, воведувањето на здрави навики во исхраната и во животот може да му дадат простор на црниот дроб за да се одмори и да ја подобри својата функција.
Дополнувањето на исхраната со суплементи кои се специјално формулирани за да му ја олеснат работата на црниот дроб, за да го заштитат или обноват истотака може да помогне, особено во случаите кога животните услови и случувања бараат од овој орган засилено да работи.
Dr. Viton LIVER DETOX е додаток во исхраната кој содржи комбинација на моќни хепатопротективни растителни екстракти, во комбинација со други научно докажани состојки кои придонесуваат за нормалната функција на црниот дроб.
Dr. Viton LIVER DETOX е наменет за заштита на црниот дроб, за подобрување на природниот процес на детоксификација и за одржување на нормално ниво на масти во крвта.
Dr. Viton LIVER DETOX може да се нарача веднаш на телефонскиот број: (02) 3218-821 (секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот) или онлајн на следниов линк: Liver Detox – заштити го црниот дроб – Алфалаб (alfalab.mk)
И во најбрз можен рок ќе биде доставен на посакуваната адреса со брза пошта!
Dr. Viton LIVER DETOX може да се набави и од сите подобро снабдени аптеки..