Кои симптоми укажуваат на висок холестерол

Холестеролот е восочна супстанција, која е присатна во крвта и е потребна за создавањето на жолчката, за создавањето на некои хормони, и за одржувањето на здрав кардиоваскуларен систем.  Но, кога количината на холестеролот во крвта ќе ја надмине нормалната граница, тогаш може да почне да предизвикува проблеми.

Високиот холестерол не е ретка појава но дел од  луѓето кои имаат ваков проблем не се свесни за неговото постоење, затоа што видливи симптоми речиси да нема, а единствен начин за негово откривање е лабораториската контрола на крвта.

Доколку хиперхолестеролемијата не се третира на време, високиот холестерол може да доведе до создавање на посериозни здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, артеросклерозата,  и откажување на бубрезите.

Затоа со цел да се избегнат вакви и слични сериозни компликации, важно е доволно рано да се идентификуваат знаците и симптомите на оваа здравствена состојба.

Најчести симптоми кои укажуваат на висок холестерол се следниве:

  • Халитоза
  • Отекување и трнење на екстремитетите
  • Подуеност
  • Тешкотии со варење на храната
  • Вртогавици и мачнина
  • Проблеми со видот

Отекувањето и трнењето на екстремитетите е еден од првите симптоми кои укажуваат на висок холестерол.  До оваа појава доаѓа затоа што насобраните маснотии во крвните садови ја нарушуваат нормалната циркулација, и го намалуваат снабдувањето на мускулите со кислород и хранливи материи.

Халитозата или лошиот мирис на здивот, се создава затоа што високиот холестерол може да го наруши варењето на храната. Освен лош здив, пациентите често имаат и чувство на сува уста.

Проблемите со варењето на храната во случај на хиперхолестеролемија се поизразени кога се јадe храна која е богата со масти.

Вртоглавиците кои понекогаш можат да се појават како и проблемите со рамнотежата и силни главоболки, се резултата на нарушената циркулација на крвта поради насобирање на покачениот холестерол на зидовите од крвните садови.

Освен сите погоре наведени симптоми, високиот холестерол може да го забави моталитетот на цревата и да доведе и појава на констипација.

Доколку лицето почувствува некои од симптомите кои укажуваат на висок холестерол потребно е да појде на лекар за да се направат потребните анализи.