Позитивното дејство на омега 3 масните киселини (ЕПА и ДХА) за спречување на кардиоваскуларните болести е добро познато и подржано со многубројни научни истражувања.
Омега 3 масните киселини својот заштитен ефект врз кардиоваскуларниот систем го постигнуваат преку различни механизми:
- го намалуваат покачениот крвен притисок,
- ги регулираат аритмиите,
- ја намалуваат агрегацијата на тромбоцитите,
- го нормализираат нивото на триглицеридите и на холестеролот во крвта.
Поради ваквите позитивни ефекти, омега 3 масните киселини, редовно им се препорачуваат пацентите со срцеви и други кардиоваскуларни проблеми.
Најчестите совети за пациентите се тие да го зголемат внесот на мрсната риба во својата исхрана како сардини, харинга, лосос, бакалар или да користат додатоци во исхраната во форма на рибино или крилово масло.
Во споредба со добро познатото рибино масло, криловото масло е понов природен производ, но дали тоа значи дека е и подобар?
Криловото масло се добива од специјален вид на ракчиња наречени крил, кои живеат во чистите води на Антартикот и всушност претставува супериорен извор на омега 3 во споредба со обичното рибино масло.
Во криловото масло за разлика од другите природни извори на омега 3, освен ЕПА и ДХА присатни се и други важни состојки како фосфоипиди, холин и астаксантин.
Омега 3 масните киселини во криловото масло се врзани со фосфолипидите, кои всушност ја зголемува нивната абсорбција и биоискористливост во телото, и на тој начин прават иста количина на крилово масло да даде посилен ефект отколку што би дало рибиното масло.
Астаксантинот е силен антиоксиданс кој ги заштитува клетките од штетното дејство на слободните радикали, и има и силно противвоспалително дејство.
Рибиното масло особено кога се зема во течна форма има непријатен мирис и вкус, поради тоа неретко му се додаваат различни ароми, но и покрај тоа често доведува до подригнување, и до појава на непријатен здив со мирис на риба.
Доколку се енкапсулира, капсулите со рибино масло, често се многу големи и тешки за голтање, што не е случај со криловото масло.
Уште една негативност на рибиното масло во споредба со криловото е што тоа има поголем ризик за онечистување со тешки метали и други штетни супстанции.
Dr.Viton Krillax е висококвалитетен додаток во исхраната, кој содржи крилово масло, како извор на омега 3 масни киселини, заедно со фосфолипиди, холин и астаксантин.
Dr.Viton Krillax, доаѓа во пакување од 30 софт гел капсули, лесни за голтање и без непријатен вкус и мирис.
Dr.Viton Krillax е достапен во во аптекитe на: Еурофарм, Виола, Виа фарм, Бети и други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс!
Dr.Viton Krillax може да се нарача и онлајн на Dr. Viton – Krillax – Алфалаб (alfalab.mk) или на телефонскиот број: 02 3218 821 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Доставата се врши на посакуваната адреса со брза пошта, во најкус можен рок.