Која е најдобрата храна за здрави зглобови

На врвот од топ листата за најдобра храна за одржување на здравјето на зглобовите се наоѓа храната која е богата со сулфур, односно која го содржи силниот антиоксиданс и антиинфламатор сулфоран.

Во овој вид на храна меѓудругото спаѓаат и лукот, празот и кромидот.  Освен што делуваат противвоспалително и ги заштитуваат зглобовите, истовремено им даваат побогат вкус на јадењата и помагаат за да се употребува помалку сол.  Високото ниво на натриум не само што е поврзано со зголемен ризик од појава на хипертензија, туку е и ризик фактор за појав ана артритис.

Јаболките се одличен избор за сите кои имаат болки во коските, затоа што содржат кверцетин кој е потребен за создавање на колаген, кој пак е основна компонента на рскавицата.

Бадемите не само што се превкусни туку состојките кои ги содржат како витаминот Е, манганот, омега 3 масните киселини го намалуваат воспалението.

Чиа семките истотака содржат омега 3 киселини, и есенцијални амино киселини кои на телото му се потребни за обнова на мускулите, лигаментите, тетивите и рскавицата.

Ананасот кој содржи ензим бромелаин делува антиинфламаторно ја намалува болката.

Ладно цеденото девствено маслиново масло, е богат извор на антиоксиданси кои го намалуваат воспалението и болката.

Кокосовото масло истотака е богато со есенцијални масла кои не само што го намалуваат воспалението и болката туку го хидрираат ткивото, и заштитуваат од вируси, бактерии и други патогени кои се чести напаѓачи на човечкиот организам.

Црвените бабури – сите пиперки содржат витамин Ц, но црвените бабури содржат најмногу.  Заедно со витаминот А и К и со другите фитонутритиенти, овие пиперки се добар извор на антиоксиданси.

Црвените пиперки содржат и капсаицин, за кој се знае дека ја намалува болката.

Бананите содржат калиум, а тој е неопходен за здравјето на зглобовите, а неговиот недостаток може да резултира со артритис.

Авокадото содржи калиум, омега 3 масни киселини и цела низа на противвоспалителни и антиоксидансни состојки.

Дејството на куркумата многу пати било докажано како позитивно во борбата со артритисот. Куркуминот кој е одговорен за жолтата боја на овој зачин, е оној кој е одговорен и за нејзиното противвоспалително, антиоксидансно и лековито дејство.

Ѓумбирот има слично дејство како куркумата, во поглед на способноста да го намали воспалението и болката.

Кељот е богат со витамин Ц и манган, кои се неопходни за менаџирање на болката и за обновување на ткивото.  Богат е и со бакар, кој е потребен за создавање на колагенот, осовната компонента на рскавицата и лигаментите.

Исхраната во која доминираат свежото овошје и зеленчук, може да помогне за олеснување на тегобите со зглобовите.

Ваквата храна освен што ги обезбедува потребните витамини и минерали, и фитонутритиенти, ги хидрира мускулите и зглобовите.