Куркума во третманот на Алцхајмерова болест

Алцхајмеровата болест е прогресивно заболување, кое почнува речиси неприметно прво со навидум наивно заборавање на нештата, а потоа води до неможност за самостоен живот .

Конкретната причина за појавата на Алцхајмеровата болест е непозната, но докажано е дека оксидативниот стрес, инфламацијата и неуротоксичноста се тесно поврзани со развојот на оваа болест и се повеќе истражувања се насочени кон изнаоѓање на природни начини за нејзино превенирање и лекување.

Куркума или тумерик е зачин кој одамна се употребува во подготовката на традиционалните јадења во Индија.  Но, овој зачин се користи и во традиционалната и алтернативна медицина, поради огромниот број на здравствени придобивки.

Активното дејство на куркумата се должи на присаството на активната супстанца  куркумин, пигмент на кој се должи и нејзината жолта боја.

Куркуминот е силен антиоксиданс, со способност да ги неутрализира слободните радикали и на тој начин да ги заштити клетките од оксидативен стрес.

Куркуминот има противвосплаително дејство, успешно го намалува воспалението и влијае и врз неуротоксичноста.  Со истражувања е докажано  дека куркуминот има способност да ја мине крвно-мозочната бариера и да ги врзе токсичните метали во мозокот и да го намали нивното штетно дејство.

Некои истражувања покажале и дека куркуминот има способност да ја намали амлоидната агрегација, па дури и да ги разори настанатите плаки кај животинските модели кои биле користени во овие испитувања.

Куркуминот успешно се користи и за превенирање и третман на деменција, а позитивни резултати биле добиени и кај некои видови на трауматски повреди на мозокот.

Уште еден доказ кој оди во прилог на потенцијалната употреба на куркумин, во третман на Алцхајмерова болест, е што во Индија каде куркумата редовно и секојдневно се конзумира бројот на лица заболени од оваа болест е значително помал.

Во студија која била направена на Универзитетот во Калифорнија, било забечлежано дека куркуминот им помага на макрофагите за да ги исчистат амлоидните плаки од мозокот.  Кај лицата кои користеле куркумин отстранувањето на плаките било поефикасно во споредба со оние лица кои не го употребувале.

Во алтернативната медицина вообичаено се препорачува да се користи од 2 до 3 грама дневно, поделено во две до четири дози, во комбинација со бибер за да се поттикне неговата апсорбција.