Може ли да се влијае врз појавата на висок холестерол?

Високиот холестерол е опасна состојба која може да го загрози животот.  Причина за неговата појава може да биде фамилијарната предиспозиција во комбинација со начинот на живот.

Во кое семејство сме се родиле не можеме да контролираме, но врз штетните фактори од околината кои можат да предизвикаат висок холестерол можеме да влијаеме.

Она што можеме да го контролираме е на пример степенот на физичка неактивност, прекумерната телесна тежина, нездравиот начин на исхрана, со особен акцент врз погрешниот избор на храна.

Доколку високиот холестерол е последица на некоја друга болест, тогаш врз неговото намалување можеме да влијаеме преку лекување на примарната причина.

Болести кои може да доведат до проблеми со холестеролот се следниве:

  • Хронична бубрежна болест
  • Шеќерна болест
  • ХИВ
  • Хипотироидизам
  • Лупус

Нивото на холестерол може да се влоши под дејство на некои лекови кои се користат за третирање на одредени здравствени проблеми како на пример:

  • Акни
  • Рак
  • Висок крвен притисок
  • ХИВ
  • Аритмија

Најчестите причини од околината кои може да го покачат холестеролот се:

  • Нездравата исхрана – храната богата со премногу заситени масти или транс масти може да предизвика нездраво ниво на холестерол. Транс мастите ги има на пример во пржената храна, и во процесираните грицки и десерти.  А заситените масти ги има во мрсното месо, и полномасните млечни производи.
  • Гојазност – преголемата телесна тежина скоро секогаш е во комбинација со покачениот холестерол.
  • Недоволна физичка активност – редовното вежбање поволно влијае врз знивото на холестерол особено затоа што го покачува нивото на добриот ХДЛ холестерол.
  • Пушењето цигари – оваа штетна навика влијае негативно така што го намалува нивото на добриот ХДЛ холестерол.
  • Прекумерна конзумација на алкохол – прекумерниот внес на алкохол може да го зголеми нивото на вкупниот холестерол.

Врз овие причини ние свесно може да влијаеме правејќи попаметни избори, за да го заштитиме своето здравје и да ја спречиме појавата на висок холестерол.