Мудри избори во исхраната за подобра функција на црниот дроб

Црниот дроб е незаменлив орган во човечкото тело, кој е вклучен во голем број на физилошки процеси, од помагање на дигестијата преку создавање и секреција на жолчка, метаболизам на протеини, јаглени хидрати и масти, па се до елиминирање на токсичните соединенија од телото.

Човекот секојдневно е изложен на огромен број на токсични соединенија кои или се создаваат во самото тело како резултат на метаболните процеси или доспеваат во телото од надворешната средина, преку воздухот, водата, храната, продуктите за хигиена и нега на телото или домот итн.

Главно место за одвивање на процесите на детоксификација е токму црниот дроб, каде што откако отровните супстанции ќе се претворат во побезбедна нетоксична форма, го напуштаат телото преку столицата, урината или потта.

Со оглед на големината на токсичниот товар на кој секојдневно може да биде изложен овој круцијален детоксифицирачки орган, понекогаш се случува тој да се преоптерети и да му е потребна дополнителна помош за оптимално извршување на своите функции.

За еден од најлесните начини за поддршка на црнодробната функција, кој може да се користи и во превентивни цели, се смета поголемиот внес на растителна храна.

Предност имаат сите оние растенија кои можат да му дадат поддршка на детоксифирачкиот процес или да ја забрзаат и потпомогнат елиминацијата на токсичните соединенија од телото.

Едни од најполезните растенија кои ја поддржуваат функцијата на црниот дроб се круциферните зеленчуци.  Брокулата, карфиолот, кељот, прокељот, руколата се растенија кои се богати со сулфорафан, сулфурно соединение со антиканцерогени својства кое има моќ и да ја потпомогне детоксификацијата.

Сулфорафанот учествува во втората фаза од детоксификацијата во црниот дроб, поволно влијаејќи врз нивото на моќниот антиоксиданс глутатион.

Горчливите лиснати зелени растенија како цикорија, ендивија, рукола, глуварче го поттикнуваат изачувањето на жолчката, дигестијата, и помагаат и во отстранувањето на тешките метали.

Лукот и кромидот истотака се богати со сулфурни соединенија меѓу кои и алицин.  Ја поддржуваат детоксифирачката функција на црниот дроб, а особено помагаат за елиминирање на вишокот на естрогени хормони, жива и адитиви додадени во храната.

Артичоката е зеленчук кој го зголемува создавањето на жолчката, и помага за поефикасно отстранување на штетните материи од телото. Истовремено го заштитува црниот дроб од оксидативното оштетување и го намалува воспалението.

Цвеклото буквално е супер храна кога станува збор за здравјето на црниот дроб.  Тоа содржи бетаин кој ги заштитува црнодробните клетки и ја прочистува крвта.

Куркумата освен што е еден од најмоќните антиоксиданси со изразено антиинфламаторно дејство, истотака ја потпомага и детоксифирачката моќ на организмот.

Но, доколку поголемиот внес на ваквата храна не е доволен или не го даде очекуваниот резултат, секогаш постои и опција исхраната да се надополни со квалитетни додатоци специјално формулирани за да му дадат поддршка на црниот дроб.

Dr. Viton LIVER DETOX е додаток во исхраната кој претставува моќна фузија на внимателно избрани екстракти од најпознатите хепатопротективни билки, традиционално употребувани за одржување на нормалната функција на црниот дроб.

Наменет е за заштита на црниот дроб, за подобрување на природниот процес на детоксификација и за одржување на нормално ниво на масти во крвта.

Dr. Viton LIVER DETOX може да се нарача веднаш на телефонскиот број: (02) 3218-821 (секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот) или онлајн на следниов линк: Liver Detox – заштити го црниот дроб – Алфалаб (alfalab.mk)

И во најбрз можен рок ќе биде доставен на посакуваната адреса со брза пошта!

Dr. Viton LIVER DETOX може да се набави и од сите подобро снабдени аптеки.