Недостатокот на магнезиум не е ретка појава

 

Хипомагнеземијата или недостатокот на магнезиум е здравствен проблем кој честопати се превидува.  Најверојатно тоа е така затоа што симптомите стануваат очигледни дури кога нивото на магнезиум ќе стане многу ниско.

Има различни причини за појава на оваа состојба, од недоволен внес со храната, па се до прекумерна загуба на магнезиум од телото.

Некои хронични заболувања како дијабетес, хронична дијареа, целијакија истотака може да предизвикаат недостаток на магнезиум.

Симптоми кои укажуваат на дефицит на магнезиум во телото се седниве:

  • Тремор
  • Тикови
  • Грчеви во мускули

А во најлош случај може да дојде и до конвулзивни напади.

Ваквите симптоми се резултат на зголемен влез на калциум во нервните клетки, при што доаѓа до прекумерна стимулација на мускулните нерви.  Токму затоа суплементирањето со доволна количина на магнезиум ги отстранува ваквите симптоми и ја намалува напнатоста.

Но, пред некој самиот да претпостави дека страда од дефицит на магнезиум, треба да има на ум дека постојат и други состојби кои би можеле да предизвикаат слични симптоми, како на пример прекумерно конзумирање на кафеин, или преголем стрес.

А, можат да бидат и несакан ефект од употреба на некои лекови или некоја неуролошка болест.

Токму затоа во случај да ваквите симптоми се премногу чести, или постојани, за точна дијагностика потребно е да се посети доктор.

Апатијата или недостатокот на емоции истотака може да биде симптом на недостаток на магнезиум.

Недостатокот на магнезиум во телото не треба да се игнорира затооа што може да доведе до редица на други сериозни проблеми.

Така на пример, неговиот недостаток може да доведе до нарушување во функцијата на нервниот систем и појава на ментални заболувања, како што се на пример депресијата и анксиозноста.

Интересно е што недостаткот на магнезиум може да биде и ризик фактор за развој на остеопороза, затоа што тој последователно води и до дефицит на калциум кој е неопходен за цврсти коски.

Мускулната слабост, уморот и изнемоштеноста истотака може да укажуваат на низок магнезиум.

Некои научни сознанија го поврзуваат ниското ниво на магнезиум и со појавата на покачен крвен притисок, а еден од најсериозните симптоми кои може да значи и недостаток на овој важен минерал е и појавата на срцеви аритмии.