За сите оние кои сакаат да имаат здрав и негуван изглед, негата на кожата треба да биде секојдневна рутина, и тоа особено во летните месеци.
За време на високите летни температури и поголемата изложеност на сонце, кожата може многу лесно да дехидрира и да ја загуби својата свежина.
Со цел да се избегнат вакви и слични несакани ефекти врз кожата за време на летото експертите го советуваат следното:
1.Редовно чистење на лицето
Редовното чистење на лицето, подразбира негово чистење наутро и навечер. За време на летните месеци особено внимание треба да се посвети на чистењето на кожата на крајот на денот, со цел детално да се отстранат сите насобрани нечистотии, бактерии, шминка, како и остатоците од СПФ.
2.Редовна ексфолијација
Одстранувањето на мртвите клетки од површинскиот слој на кожата со помош на нежен ексфолијатор, треба да се практикува најмалку два пати неделно за да се спечи затнувањето на порите и за да се одржува младешкиот изглед и мазната текстура на кожата.
3.Користење на продукт со СПФ
Затоа што за време на летните месеци изложеноста на штетните УВ зраци е поголема, задолжително е превземањето на мерки за заштита на кожата од штетното зрачење. Носењето на шапка, очила со УВ заштита, како и користење на производ со соодветен СПФ треба да станат неизбежен дел од сечија рутина.
- Добра хидратација
За здравиот и негуван изглед на кожата неопходна е и добрата хидратација на телото. Летно време се препорачува надофат секогаш да се има шише со вода, и да се пие макар и по малку на секој половина час.
5.Доволен сон
Кожата може да изгледа негувано и свежо само ако си дозволиме доволен сон. Никој не изгледа убаво кога е ненаспан и изморен, и уморот се забележува и на кожата.
За време на препорачаните од 7 до 8 часа ноќен сон, кожата се одмара и регенерира, а се активира и процесот на создавање на колаген.
6.Здрава исхрана
Иако здравата и балансирана исхрана е важна во текот на целата година, не смее да постои изговор за нејзино занемарување за време на летото.
Свежата храна, која изобилува со овошје и зеленчук, семки, јатки и здрави маснотии и протеини треба да биде на менито на оној кој сака да има убава кожа.
Витамините, минералите, фитонутритиентите сите тие и помагаа на кожата за да остане здрава и нахранета.
А, омега 3 масните киселини кои фантастично делуваат врз кожата не смеат да изостануваат од исхраната ниту во летниот период.
Докажано е дека омега 3 масните киселини делуваат противвспалително, антиоксидансно, ја спречуваат дехидратацијата, па дури и ја заштитуваат кожата од штетните ефекти од околината, вклучувајќи го и УВ зрачењето.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се додаток во исхраната кои содржат 1.000 мг органско масло од чиа. Ова масло содржи 55% алфа-линоленска киселина, есенцијална омега 3 масна киселина од растително потекло, одличен избор за сите вегетаријанци, како и оние кои не би сакале да козумираат продукти од риба.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се достапни во аптекитe на: Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во сите други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс.
Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите можеш лесно и брзо да се нарачаат и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/chia-oil/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, и за рекордно кратко време ќе бидат доставени на посакуваната адреса со брза пошта!