Нелекуваната хламидија предизвикува компликации

 

Хламидијата предизвикува сексуално пренослива болест, која не секогаш е пратена со појава на симптоми, но без оглед дали се појавиле симптоми или не таа може да предизвика сериозни оштетувања и компликации во човечкото тело.

Но, за среќа сериозните последици по човековото здравје можат да се спречат доколку инфекцијата се открие навремено и се излечи.

Најчест проблеми  чиј предизвикувач може да е хламидијата е пелвичната инфламаторна болест.

Доколку хламидијата успее да се прошири, и да доспее до матката, фалопиевите туби и јајчниците, таа може да предизвика воспалителна болест на пелвисот, која често е пратена со пелвична или абдоминална болка, но може да постои и без симптоми.

Доколку навремено не се открие и третира инфекцијата, поголема е можноста за развој на оваа сериозна компликација.

Како последица на ова разорно дејство на хламидијата, жената може да добие хронична пелвична болка.

Пелвичната инфламаторна болест може да направи и оштетување на фалопиевите туби кое би го спречило минувањето на сперматозоидите до јајчниците, и тоа би резултирало во немозжност да се забремени, односто до женска неплодност.

Доколку сепак се случи бременост, забележани се случаи кога наместо во матката, оплодената јајце клетка се вгнездува на погрешно место, во фалопиевите туби и се развива ектопична бременост.

Ектопичната бременост може да биде опасна по живот, доколку не се открие навремено и не се превземат потребните мерки.

Кај мажите истотака како резултат на инфекција со хламидија може да се развие хронична болка во пределот на пелвисот или скротумот, но сеуште со сигурност не се знае дали хламидијата е причина и за појава на машка неплодност.

Инфекција со хамидија може да се случи и за време на нормалната бременост, и во тој случај може да го зголеми ризикот за компликации во бременоста.

Најчеста компликација од хламидија за време на бременоста е предвременото породување, но можена е појава и на ендометритис, односно вопаление во утерусот кое се случува по породувањето.

Доколку мајката има нетретирана хламидија таа може да му ја пренесе на новороденчето за време на породот.

Најчести компликаци кои може да се јават кај бебето се инфекција на очите и пнеумонија.

Токму затоа редовното тестирање кое се практикува на почетокот и доколку е потребно и во бременоста е многу важно, за да се спречат вакви и слични компликации од овој опасен микроорганизам.