Потрес на мозок честа појава, која не секогаш се препознава

Потрес на мозок е честа појава која се случува после трауматична повреда на главата, но не секогаш лесно се препознава.  Во препознавањето би помогнало познавањето на страуматична повреда на мозокот која негативно влијае врз функцијата на овој орган.  Симптомите се привремени и може да вклучуваат главоболки и проблеми со концентрацијата, меморијата, рамнотежата и координацијата.

Потрес на мозок се случува поради повреда на главата, поради удар, пад или поради насилно тресење на горниот дел од телото и главата.  Понекогаш кога ќе дојде до потрес на мозок лицето може да ја загуби и свеста, но тоа не е секогаш така.  Добрата вест е што поголемиот број на луѓе вообичаено се опоравуваат без големи последици.

Симптомите може да бидат и многу суптилни и да не се појават веднаш, а кога ќе се појават можат да траат со денови или недели, па дури и подолго.

Најчести симптоми кои кажуваат на мозочен удар, а кои може да се појават веднаш се следниве:

  • Главоболка
  • Амнезија ( вообичаено е заборавен и настанот кој довел до потресот)
  • Конфузија
  • Ѕвонење во ушите
  • Повраќање
  • Изнемоштеност
  • Заматен вид
  • Лошење и гледање на “звезди”
  • Привремено губење на свеста
  • Неразбирлив говор
  • Загубен изглед
  • Изразено заборавање

Симптоми кои може да се појават откако ќе мине некое време  после ударот, се следниве:

  • Проблеми со концентрацијата и меморијата
  • Иритабилност и промени во карактерот
  • Пречувствителност кон светлина и звук
  • Проблеми со сонот
  • Психолошки проблеми најчесто депресија
  • Проблеми со вкус и мирис

Потресот на мозок настанува такашто при трауматична повреда на главата мозокот кој е создаден од желатинеста маса, силно се удира од внатрешните ѕидови на черепот што резултира со повреда на нежното мозочно ткиво.

Понекогаш потресот може да предизвика и крварење внатре во черепот кое може да биде и опасно  по живот, и затоа по претрпена повреда на главата или потрес потребно е да се направи и докторски преглед.

Во ризик фактор за добивање на потрес на мозок спаѓаат сите активности и ситуации кои можат да предизвикаат паѓање или повреда на главата, вклучувајќи ги и високо ризичните спортови како што се фудбал, хокеј, бокс итн.

За намалување на ризикот се препорачува:

  • Носење на заштитна опрема – за време на спортските и рекреативни активности како возење велосипед, мотор, ролерки итн.
  • Носење на заштитен појас – при патување со возило.
  • Одржување на безбеден дом – за да нема можности за сопнување или лизнување и паѓање.
  • Редовно вежбање – за да се зацврстат мускулите и способноста за одржување на добра рамнотежа.
  • Поглемо информирање и споделување на информацијата за потресот на мозок со другите, за колку што е возможно свесно да се избегне неговото случување и последиците.