Електролитите се супстанции кои природно се среќаваат во телесните течности како што се урината, крвта, потта, меѓуклеточната течност. За нормален пренос на нервните импулси и нормално функционирање на целиот организам многу е важно постојано да се одржува нормален електролитен баланс.
Но, понекогаш доаѓа и до негово нарушување кое е пратено со некои непријатни симптоми.
Најчест фактор кој може да доведе до дисбаланс во нивото на калциумот, магнезиумот, калиумот, натриумот, фосфатите и хлоридите е прекумерната загуба на течност.
Интересно е што поголема загуба на течност може да се забележи и кај лицата кои се поборници на популарната кето диета, и затоа со цел да се избегне електролитниот дисбаланс нив им се советува честа употреба на домашен бујон од коски, или електролитни напитоци.
Прекумерната загуба на течност може да се случи при некоја акутна болест пратена со повраќање и дијареа, при дехидратација, но и при прекумерно потење.
Лицата кои засилено се потат како резултат на некоја хронична болест, извршување на интензивна физичка работа или спортување, се поподложни на појава на електролитен дисбаланс и затоа треба да внесуваат повеќе течности, минерали, а доколку е потребно повремено да пијат и електролити.
Иако сите електролити се важни, магнезиумот често се смета за еден од најпотребните и најбитни минерали особено за луѓето кои активно спортуваат, без оглед дали се рекреативци или професионалци.
Појавата на мускулни грчеви по тренинзите е еден од показателите за дефицит на магнезиум.
Покажано е дека кај физички активните лица дополнувањето на редовната исхрана со магнезиум, може да помогне за намалување на заморот и исцрпеноста, за поголема издржливост и физичка енергија, како и за превенирање на појавата на мускулни грчеви.
Dr. Viton – Magnezan B6 е додаток во исхраната со магнезиум и витамин Б6.
Витаминот Б6 има моќ да го зголеми внесот на магнезиумот во клетките и да го намали неговото излачување од телото, со што ја зголемува неговата концентрација и го потенцира неговото дејство.
Витаминот Б6 заедно со магнезиумот допринесува за нормална функција на нервниот систем, за создавање на енергија, како и за намалување на заморот и исцрпеноста.
Доволниот внес на магнезиум допринесува за одржување на електролитниот баланс во телото.
Dr. Viton – Magnezan B6 може да нарача on- line на следниов линк: https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-magnezan-b6/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и доставата ќе биде извршена најбрзо на посакуваната адреса со брза пошта!
Dr. Viton – Magnezan B6 може да се најде во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин како и во другите подобро снабдени аптеки, но достапен е и во DM – дрогерии и Cosmo – Tinex.