Превисокиот кортизол е непријател на здравјето

Стрес хормонот кортизол е добар за човечкиот организам кога се излачува во нормални количини, но кога долготрајно продолжува да се лачи во прекумерна количина тој може да биде и причина за нарушено здравје.

Кај луѓето кои се изложени на хроничен стрес, постои потреба за нормализирање на нивото на кортизол со цел да го зачуваат своето здравје.

Превисокото ниво на кортизол кое перзистира подолг временски период, придонесува за побрзо стареење, за одржување на поголемо ниво на психолошки стрес, за послаба ментална активност, и може да доведе до проблеми со меморијата, истоштеност и покачување на телесната тежина, истовремено може да биде тригер за развој на различни хронични заболувања.

Искуството покажало дека најдобар начин за намалување на покачениот кортизол е умерената, но редовна физичка активност, длабокото дишење, употребата на други проверени методи за намалување на стресот, како и употребата на одредени додатоци во исхраната.

Најупотребувани додатоци и билки за балансирање на нивото на кортизол, како и за намалување на стресот се следниве:

  1. Рибино масло

Рибиното масло е богат извор на есенцијалните омега 3 масни киселини ЕПА и ДХА.  Тие освен што имаат силно противвоспалително и антиоксидансно дејство, имаат способност и да го намалат покаченото ниво на кортизол во телото.  Препораките се секогаш да се избира висококвалитетно масло, без дополнителни додатоци, докажано безбедно за употреба и тестирано на присаство на токсични супстанции.

  1. Л -теанин

Л – теанинот е амино киселина која се наоѓа во лисјата од чајот, во најголема количина е присатан во зелениот чај и во мача.  Л- теанинот помага за подобро справување со стресот, затоа што го намалува нивото на кортизол, а ја контролира и реакцијата на мозокот за време на стресниот одговор.

Л-теанинот смирува без да предизвика поспаност, но истовремено го подобрува менталниот фокус и концентрација.  Токму затоа многу љубители на кафето, кои го користеле и за подобрување на менталниот перформанс, а на кои почнал да им пречи ексцитаторниот ефект на кофеинот, почнале шољичката кафе да ја заменуваат со шоља зелен чај.

  1. Родиола

Една од главните причини за се поголемата употреба на адаптогените билки како што е родиола, е нивната способност да го балансираат нивото на кортизол и за да помогнат за здраво менаџирање на стресот.

  1. Валеријана

Валеријаната иам способност да ги балансира неуротрансмитерите во мозокот и да го намали стресот, предизвикувајќи чувство на опуштеност и релаксација.

  1. Лаванда

Едно од најомилените и најупотребуваните етерни масла во ароматерапијата е лавандата. Таа има способност да смирува и опушта, и одлично ги намалува напнатоста и стресот.