Природни начини за контрола на високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок е тивок убиец, може да постои долго време без да покаже билокакви симптоми, а истовремено да има разорно дејство врз човковото здравје и живот.

Токму затоа од голема важност е на сите можни начини тој да се одржува во границите на нормалата.

По дијагностирањето на хипертензија, задолжитлно се даваат совети за промена на животниот стил со цел на природен начин да се постигне намалување на покачената вредност на притисокот.

Ова се најупотребуваните природни начини за намалување на покачениот крвен притисок

1.Намалување на прекумерната телесна тежина и обемот на струкот

Прекумерната телесна тежина може да биде причина за појава на покачениот притисок, токму затоа губењето на прекумерната тежина е една од најефикасните промени во животниот стил за контрола на крвниот притисок.

Дури и најмалото намалување на телесната тежина, може да даде позитивни резултати и докажано е дека за секој изгубен килограм крвниот притисок може да се намали за околу 1mm Hg.

Освен бројот на килограми, важен е и обемот на струкот. Докажано е дека премногу тежина во пределот на половината, може да го зголеми ризикот од хипертензија:

  • кај жените постои ризик доколку обемот на половината им е поголем од 89 см.
  • кај мажите постои ризик доколку обемот на половината им е поголем од 102 см.

2.Воведување на редовна физичка активност

Редовната и континуирана физичка активност, која се извршува најмалку по 30 минути повеќе денови во седмицата, може поволно да влијае за намалување на вредноста на покачениот крвен притисок.

  1. Здрава исхрана

Начинот на исхрана е многу важен за одржување на човековото здравје.  Докажано е дека мудриот избор на храната и конзумирањето на свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, месо со помала масленост и помалку заситени масти и холестерол може да го намали покачениот крвен притисок.

Јадењето на храна сиромашна со натриум, а богата со калиум истотака поволно делува врз притисокот.  Тоа е така, бидејќи калиумот може да ги намали ефектите од натриумот врз крвниот притисок.

Ефектите од натриумот врз крвниот притисок варира кај различни групи на луѓе. Генерално дневната количина на натриум треба да биде најмногу до 2.300 милиграми.и.

  1. Избегнување на алкохолот

Повеќето алкохолни пијалоци, а особено црвеното вино можат да го покачат крвниот притисок, но и да го намалат дејството кое би го дале лековите за покачен крвен притисок.  Затоа на лицата кои имаат покачен крвен притисок им се препорачува да не пијат или да ја ограничат количината на алкохол која ја внесуваат во своето тело.

Дозволено е еден пијалак дневно за жени и два за мажи, под еден пијалак се подразбира 355 мл пиво, 125 мл вино или 45 мл пијалак со 40% алкохол.

  1. Редовно мерење на крвниот притисок

На лицата кои страдаат од хипертензија им се препорачува редовно да го контролираат крвниот притисок, за меѓудругото да се следи и ефикасноста на методите кои се превземаат за негово контролирање вклучувајќи ја и употребата на лекови.