Иако покаченото ниво на тригицериди во крвта може да предизвика сериозни последици по здравјето, добрата вест е што нормализирањето на нивното ниво во крвта на приироден начин е едноставно.
Првиот чекор кон постигнување на нормалното ниво на триглицериди е промената на исхраната и диететските навики.
Храната која треба секојдневно да се конзумира треба да е антиинфламаторна храна, затоа што јадењето на храна која поттикнува воспалителни процеси во телото, како што на пример прави шеќерот, е една од причините за високото ниво на триглицериди. Истите негативни резултати врз нивото на триглицериди биле добиени и при пратење на диета која била богата со јаглехидрати.
Антиинфламаторната диета вклучува отстранување на штетната храна од исхраната, како што е рафинираното масло, шеќер, вештачки засладувачи, појачувачи на вкус, конзерванси, адитиви, и брза и процесирана храна.
Намалување на количината на јагленихидрати, за сметка на додавање на здрави масти и умерена количина на протеин.
Се охрабрува конзумирањето на поголема количина на зелен лиснат зеленчук, ферментирана храна, билки и зачини, овошје со низок гликемиски индекс, јатки, семки, по можност органско телешко или јунешко месо, домашни јајца, риба која не е од рибник и дивеч.
Лукот се покажал многу ефикасен во зголемувањето на нивото на триглицериди, а дополнително помага и за намалување на покачениот крвен притисок и холестерол.
Режимот на исхрана наречен “интермитент фастинг” истотака се покажал многу ефикасен за нормализирање не само на нивото на тригицеридите, туку и за лекување на различни хронични болести.
Овој режим на исхрана се базира на точно прецизирани периоди од денот кога се јаде и кога се пости, и се покажал како одличен начин за намалување на хроничното воспаление, подобрување на инсулинската резистенција, поттикнување на клеточната автофагија, и за подобрување на здравјето.
За почеток се препорачува постот односно целосното воздржување од храна да трае 12 часа, а со тек на време постепено да се зголеми до 16 часа.
Уседениот начин на живот без редовна физика активност и раздвижување е ризик фактор за високо ниво на триглицериди, но и за развој на многу други болести.
Токму затоа редовната физичка активност може да помогне за намалување на нивото на триглицериди, за намалување на стресот но и за намалување на покачената телесна тежина.
Се препорачува најмалку по 20 до 30 минути раздвижување со вежбање или со прошетка барем пет дена во неделата. Качувањето по скали наместо со лифт или пешачењето наместо постојаното возење со автомобил истотака можат да станат дел од секојдневнатат рутина со цел да се подобри здравјето.
Затоа што хроничната инфламација го зголемува нивото на триглицериди, а стресот ја помага инфламацијата, сите практики кои служат за намалување на стресот би биле ефикасни и за намалувањето на покаченото ниво на триглицериди.