Природни напитоци за да се ослободиш од болката во грбот

Болката во грбот е многу чест проблем, и затоа корисно е да сме запознаени и со природните начини за нејзино третирање.

Природниот начин во третирањето на болката во грбот може да биде дополнување на стандарниот терапевтски режим или дури и да ја намали потребата за употреба на некои лекови.

Намалувањето на воспалението во телото е еден од основните чекори за успешно намалување на болката.

Антиинфламаторната диета и напитоци доколку редовно се вклучат во животниот стил и се употребуваат континуирано одредено време, можат да придонесат за намалување на болката во телото вклучувајќи ја и онаа во грбот.

Куркумата е еден од најценетите зачини со лековито дејство.  Таа содржи куркумин кој има силно противвоспалително и антиоксидансно дејство, а меѓудругото помага и при проблемите како артритис.

Таа во телото може да се внесе со зачинување на јадењата, во форма на додаток во  исхраната или во форма на напиток наречен млеко од куркума.

Начинот на приготвување на овој напиток е многу едноставен, всушност потребно е само да се измеша половина мало лажиче куркума во чаша топло млеко или растително млеко какко што е бадемовото за уште посилен противвоспалителен ефект.

За подобрување на вкусот може да се додаде мед или стевиа.  Се препорачува да се пие навечер пред спиење, за куркуминот да го пројави своето лекувачко дејство во тек на ноќта.

Сокот од вишни не само што е превкусен, туку истовремено обилува и со антиоксидансни и антиинфламаторни состојки.  Се покажал корисен дури и во отстранувањето на мускулната болка без оглед дали е хронична или предизвикана од вежбање.  Се препорачува редовно конзумирање на една чаша сок од вишни.

Друг корисен и лековит напиток е зелениот чај со ѓумбир, кој лесно може да се најде и во филтер пакување.

Иако личи многу неверојатно дека на овој начин може да си помогнеме со болката во грбот, експертите велат дека со редовно конзумирање на вакви напитоци, во телото ќе се поткрене концентрацијата на противоспалителни состојки кои не само ќе што ќе го намалат постоечкото воспаление и болка, туку ќе делуваат и заштитно во поглед на превенирање на слична болка во иднина.