Остеоартритисот е дегенеративна болест која предизвикува болка поради оштетувањето на зглобовите.
Како што старееме рскавицата во зглобовите почнува да се троши, што доведува коските да почнат меѓусебно да се тријат и да се појави воспаление.
Најчесто остеоартритисот се јавува во зглобовите на рацете и нозете, вклучувајќи ги и прстите, дланката, колената, глуждовите и колковите, или во долниот дел на грбот.
Ако ги запознаеш раните знаци на остеоартритисот, тоа може да ти помогне навреме да побараш лекарска помош.
Знаци преку кои се препознава остеоартритисот се следниве:
Болка – повеќето од луѓето кои имаат остеоартритис се навикнати да чувствуваат болка во грбот, или на други места во телото, и тоа го сфаќаат како неизбежно секојдневие, па затоа често не превземаат ништо. Болката која се појавува во раната фаза на остеоартритисот може да биде поблага болка, или поостра која обично се јавува при некое движење, како на пример во прстите при отварање на тегла.
Нелагодност – нелагодноста вообичаено се појавува при притискање на ткивото околу глуждот кое често е и отечено – овој чест симтом се јавува во подоцнежните фази на остеоартритисот.
Вкочанетост на зглобови – нормална појава е зглобовите да бидат вкочанети кога ќе станеме од спиење или кога подолго сме останале поставени во одредена положба, но истата оваа вкочанетост може да биде и ран знак на остеоартритисот.
Луѓето кои страдаат од остеоартритис вообичаено почнуваат да се чувствуваат подобро кога ќе ги затоплат глуждовите со вршење на некоја секојдневна активност или со лесно вежбање.
Појава на ненормални сензации – затоа што при остеоартритисот рскавицата е изабена и коските почнуваат да се тријат една од друга, тоа често предизвикува во зафатените делови, да се чувствуваат ненормални сензации кои претходно ги немало. Истотака неретко може да се слушне и крцкање на зглобовите при движење.
Губење на флексибилноста – луѓето со остеоартритис со тек на времето почнуваат да имаат проблеми со подвижноста на зглобовите, и тоа е процес кој се случува постепено и го отежнува придвижувањето на зглобот при вршењето на некое нормално движење.
Време на појава на симптоми– симптомите како чувство на нелагодност, болка, вкочанетост во почетната фаза од остеоартритисот се јавуваат само во одредени временски рамки, начесто после некоја засилена физичка активност или рано наутро по станувањето. Но, како што болеста прогресира зглобовите почнуваат постојано да болат, дури и при одмарање.
Доколку се препознаваш себе во горе споменатите состојби, не чекај и обрати му се на твојот лекар за заедно да направите план за ефикасно менаџирање на болката и поквалитетен живот со остеоартритис.