Депресијата не настанува поради една причина, туку најчесто е резултат на повеќе фактори.
Такви фактори се околината, начинот на размислување, генетиката, некојај болест, загуба на работа, финансиски проблеми итн.
Тагувањето по загубата на саканото лице, бездомништвото, сиромаштијата, насилството, такви и слични ситуации можат да допринесат за развој на депресијата.
Но не секогаш е возможно да се утврдат точните причини за нејзиното појавување. Но, без оглед на причината многу важно е да се препознаат нејзините знаци, зошто лицето кое страда од депресија само тогаш ќе може да ја превземе контролата во своите раце, и да постигне подобро ментално и физичко здравје.
Повеќето луѓе понекогаш се нерасположени или со ниско ниво на енергија и со намален интерес за извршување на секојдневните активности, но кај лицето кое пати од депресија ваквите симптоми се многу поизразени и можат дури и да го спречат во извршувањето на секојдневните обврски.
А овие лица им е тешко дури и да прифатат комплимент или конструктивна критика, тешко им е да се видат себеси во позитивно светло и најчесто с есамообвинуваат или понижуваат самите себе, или имаат чувство на вина.
Многу лица живеат и долг период со депресија а не знаат. Но, самото сознание дека се има ваков проблем ја поткрева емотивната свест и создава услови за да се побара помош и да се создадат услови за подобрување на менталното и физичко здравје.
Иако онлајн постојат најразлични квизови и тестови кои се направено со цел лицето полесно да дознае дали пати од депресија, сепак точната дијагноза потребно е да ја постави стручно медицинско лице.
По поставување на дијагнозата потребно е да се избере соодветен терапевтски пристап кој освен лекови, може да вклучува и употреба на додатоци во исхраната, промена на начинот на исхрана и живот, како и разговорна психотерапија.
Во психотерапевтските сесии најчесто пациентот се учи како да ги препознае и како да се справи со сопствените чувства.
Но, еден од најважните чекори е самиот пациент да стане свесен за својата состојба и да не се срами да побара помош, знаејќи дека не е единствен кој се соочува со таков проблем.