Што може да недостасува за време на бременоста

Во бременоста, која е физиолошка, природна состојба, можно е поради зголемените потреби да се појави и дефицит на некои витамини и минерали.

Најчесто недостасуваат следниве елементи:

1.Железо – недостатокот на железото за време на бременоста води до појава на анемија.  Анемијата доведува до општа лоша сосотојба и симптоми кои варираат од изнемоштеност и премор, до потешкотии со спиењето и дишењето зголемен ризик од инфекција, крварење и прееклампсија кај мајката.  Кај новороденчето може да дојде до прерано раѓање, ниска телесна тежина, анемија која може да продолжи и во првата година од животот итн.

2.Јод – за време на бременоста во телото на мајката се зголемуваат потребите за јод и истите е потребно да се обезбедат, затоа што недостатокот на јод, може да го зголеми ризикот од спонтан абортус, да доведе до развој на на неуролошки и психолошки проблеми, зголемен ризик од развој на АДХД итн.

Ризикот за појава на недостаток на јод е поголем кога се јаде диета со ниско количество на натриум, затоа што во тој случај се избегнува употребата на сол, а солта која е јодирана во денешно време всушност е и главниот начин преку кој телото се снабдува со јод.

Јод може да се внесе и преку млечните производи поради збогатената исхрана на стоката или поради остатоци од јод кои се користеле во санитарни цели.

Јод има и во сливите, јајцата, морската трева и риба.

3.Фолат – Фолатот или витаминот Б9 е потребен за развојот на фетусот, и токму затоа во бременоста потребата за фолат е уште поголема. Фолатот е неопходен за да се спречи развојот на дефекти на неуралната туба кои можат да му наштетат на мозокот, рбетот рбетниот мозок и вакви дефекти можат да се појават во раната фаза од бременоста. Освен кај бебето, проблеми во вид на анемија и неуролошки проблеми можат да се јават и кај мајката.

Преку храната, фолатот може да се внесе со јадење на џигер, темно зелен лиснат зеленчук, прокељ, авокадо, јајца, портокали, банани, јаткасти плодови итн.

4.Витамин Д – недостатокот на Д витамин за време на бременоста, може да се одрази негативно, и затоа што овој витамин не може во доволна количина да се внесе преку храната ниту пак во тек на годината доволно се изложуваме на сончева светлина, потребно е во форма на суплементи да се додаде во исхраната.

Бремените жени потребната доза треба да ја договорат во соработка со својот лекар, и да избегнуваат земање на додатоци во исхраната на своја рака.

5.Витамин Б12 – недостатокот на овој витамин може да доведе до прерано раѓање на бебето. Дополнително може да ја направи мајката да се чувствува уште поизнемоштено и изморено. Некои истражувања имаат покажано дека дури 15% од целокупното население на планетата земја пати од недостаток на овој витамин, и главен симптом е чувството на преголем умор.  На поголем ризик се изложени вегетаријанците и веганите, кои задолжително треба да користат Б12 во форма на додаток на исхраната.