Способноста на човечкиот мозок да го задржи фокусот на важните работи во одреден момент е многу битна за водењето на квалитетен, продуктивен и мирен живот.
Недостатокот на силен фокус и честото талкање на мислите и вниманието, како и брзото префрлање на фокусот од едно на друго нешто, со тек на времето често доведува и до намалување на самодовербата и до развој на поголемо незадоволство, иритабилност, депресија или анксиозност.
За човечкиот мозок да остане фокусиран, секако дека е потребно да има систем кој ќе ги филтрира информациите и ќе спречува до мозокот да дојде сето она кое е небитно.
Научниците сметаат дека оваа деликатна функција на блокирање на небитните стимулуси кои би можело да го нарушат потребниот фокус, ја извршува таканаречениот вентролатерален префронтален кортекс, кој за својата работа троши многу енергија.
Кај некои луѓе овој систем функционира подобро отколку кај другите, и речиси да не постои човек чие внимание било одвлечено или прекинато кога тој тоа најмалку го посакувал.
Иако силните звуци или светосни зраци се едни од почестите нарушувачи на нашиот фокус, многу често причината за слабиот фокус и концентрација се крие во самите нас.
Луѓето честопати како да забораваат дека и мозокот е орган на кој му треба соодветна грижа и храна за да функционира најдобро.
Нутритиентите кои секојдневно се внесуваат, или не се внесуваат со храната имаат огромно влијание врз севкупното мозочно функционирање, вклучувајќи ја и способноста за одржување на добар фокус и концентрација.
Ако мозокот континуирано не ги добива сите потребни нутриенти за нормално одвивање на сите функции, тогаш тој не може да работи со полн капацитет и почнуваат да се јавуваат најразлични проблеми.
Идеално би било кога сите состојки, кои му се потребни на мозокот за оптимално функционирање би можело да се внесат само преку исхраната. Но, за жал модерниот и забрзан начин на живот, тоа ретко го дозволува и затоа денес на пазарот постојат и специјални додатоци во исхраната кои можат да осигураат дека мозокот секојдневно ќе го добие сето она кое му е потребно.
Еден од нив е и Dr. Viton – Magnezan Neuro, кој од другите додатоци се издвојува по тоа што во својот состав и тоа само во една капсула содржи речиси се што му треба на човечкиот мозок за беспрекорна функција и одржување на остар фокус!
Во составот на Dr. Viton – Magnezan Neuro влегуваат цел спектар на Б витамини вклучувајќи го и витаминот Б12, во комбинација со екстракт од Гинко, одбрани аминокиселини (Л-теанин и Л-карнитин), витамин Д, витамин Ц, магнезиум и јод.
Екстрактот од Гинко се добива од листовите на Гинко билоба, тој ја зголемува циркулацијата на крвта во мозокот и го олеснува неговото снабдување со хранливи материи и кислород, а истовремено има и моќно антиоксидативно и антиинфламаторно дејство.
Л- карнитинот и Л – теанинот, позитивно делуваат врз функцијата на мозокот и на нервите, даваат енергија и помагаат во борбата со стресот, а докажано е и дека ја подобруваат меморијата и фокусот.
Јодот е потребен за одржување на моторната функција на неуроните, како и за нормалната когнитивна функција на мозокот, магнезиумот е вклучен во повеќе од тристотини ензиматски процеси во телото, неопходен е за нормална функција на нервниот систем и овозможува непречен пренос на нервните импулси.
Сите Б витамини се важни за номална функција на нервниот систем и мозокот и за имање како на физичка така и на ментална енергија, а витаминот Б 12 помага за создавање на нормална миелинска обвивка на нервите, за создавање на неуротрансмитери, а неопходен е и за нормална функција на мозочните клетки.
Dr. Viton – Magnezan Neuro може да се набави во сите подобро снабдени аптеки, како: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин, како и во дрогериите на ДМ и продажните места на Cosmo – Tinex.
Dr. Viton – Magnezan Neuro може да се нарача веднаш и on- line: https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-magnezan-neuro/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот) и истиот ќе биде доставен на посакуваната адреса со брза пошта.