Што се крие зад Францускиот парадокс?

Кога се говори за Француски парадокс, всушност се мисли на неочекувано нискиот степен на коронарно срцево заболување во Франција, наспроти исхраната која е богата со маснотии и холестерол.

Оваа појава во научните кругови била откриена 1980 година, кога било забележано дека појавата на срцеви заболувања и морталитетот од нив во Франција навистина е понизок, дури и во оние делови од Франција каде се конзумирало повеќе мрсна храна.

Понатамошните истражувања на овој парадокс, “виновникот” за одржувањето на доброто кардиоваскуларно здравје го пронашле во редовното конзумирање на црвено вино, како и во медитеранската клима и физички активниот живот на отворено.

Способноста на виното да го покачи добриот ХДЛ холестерол научниците ја поврзале со присаството на биоактивните флавоноиди.

При процесот на создавање на вино, односно при ферментацијата, било откриено дека во лушпите од црвеното грзоје има многу повисоко ниво на полифеноли кое се движело од 20 до 50 пати повеќе отколку во белото грозје.

Овие полифеноли имаат способност да ја спречат оксидацијата на лошиот ЛДЛ холестерол и на тој начин да делуваат протективно за зачувување на кардиоваскуларното здравје.

Еден од најпроучуваните полифеноли, со силно антиоксидансно дејство присатен во лушпата, но и од семките на црвеното грозје е таканаречениот ресвератрол.

Уште многу одамна во традиционалната медицина ресвератролот се користел за лекување на различни заболувања од хепатитис и стомачни болки, до артритис и многу други болести, но најмогу се употребувал за заштита за срцето иако механизмот на неговото дејство во тоа време не бил познат.

Со развојот на науката, понатаму било докажано дека ресвератролот делува противвоспалително, дека ги неутрализира штетните слободни радикали, дека има и неуропротективно дејство.  Помага за регулирање на мастите во крвта и за намалување на покачениот крвен притисок.

Ја подмладува и разубавува кожата, го забавува стареењето на телото, и има подмладувачко дејство.

Но, затоа што конзумацијата на алкохол, не е здрава животна навика и како таква не може да се стимулира во здравствени цели, ресвератролот почнал да се пласира на пазараот во форма на додатоци на исхраната пред се со цел за зачувување на срцето и доброто кардиоваскуларно здравје.

Ваквата употреба на ресвератролот се смета за добредојдена, бидејќи и со научни студии било докажано дека редовниот внес на ресвератрол, успешно го намалува лошиот ЛДЛ холестерол, и го зголемува добриот ХДЛ, ги чисти крвните садови, го спречува наталожувањето на холестеролот и го заштитува здравјето на срцето.

Nature Essential Resveratrol доаѓа во пакување од 50 капсули, и брзо и лесно може да се нарача на следниов линк  Ресвератрол – Алфалаб (alfalab.mk)

Nature Essential Resveratrol може да се нарача и телфонски на 02 3218 821, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот и ќе биде доставен на посакуваната адреса, со брза пошта.

Nature Essential Resveratrol може да се набави и во сите подобро снабдени аптеки на: Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети како и во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex!