Што се подразбира под третман на анемија

Анемијата или слабокрвноста како и секоја друга болест, бара соодветен третман.

Третманот на различните видови на анемија зависи пред се од она што ги предизвикало.  Така на пример при:

Железо – дефицитарна анемија – третманот се состои во додавање на железо преку исхраната или во форма на лекови или суплементи.  Доколку губитокот на железо е резултат на некое крварење истото мора да се открие и да се превземат мерки тоа да се спречи, што понекогаш може да вклучи и операција.

Анемија поради недостаток на витамини – затоа што оваа анемија најчесто е предизвикана од недостаток на фолат, витамин Ц и Б12, истата се третира со внесување на овие витамини во телото, преку корекција на исхраната, во форма на суплементи или лекови.

Не секој може добро да го абсорбира витаминот Б12, затоа тој многу често се аплицира во форма на инјекција и понекогаш е потребно неговата апликација да биде доживотна.

Анемија последица на други болести – кога анемијата е резултат на некој воспалителен процес или постоењето на некои други болести во телото, тогаш терапијата е насочена кон лекување на детектираното заболување односно причинителот за намалениот број на црвени крвни клетки.

Доколку состојбата е многу сериозна и бара брзо делување, можно е да се направи трансфузија на крв, или да се аплицира инјекција со синтетскиот хормон еритропоетин кој треба да поттикне продукција на еритроцити во телото.

Апластична анемија – во овој случај станува збор за многу сериозен тип на  анемија, кој може и да го загрози животот.  Третманот вклучува трансфузија на крв или трансплантација на коскена срцевина.

Друг третман нема, затоа штово овој случај самото тело не успева да произведе доволна количина на здрави еритроцити.

Анемии поради болест на коскената срцевина – во оваа група на анемија спаѓаат болести како леукемија и миелофиброза, сериозни состојби кои наликуваат на канцер.  Терапијата вклучува употреба на лекови, хемотерапија и трансплантација на коскена срж.

Анемии поради хемолиза – оваа група на анемии е последица на хемолиза или на уништување на црвените крвни клетки, многу побрзо отколку што се создаваат.  Терапијата е насочена кон супримирање на имуниот систем со употреба на лекови, или избегнување на причинителот за хемолиза, на пример ако станува збор за некој лек.

Српеста анемија – овој тип на анемија е многу специфичен и поинаков од другите.  Терапијата вклучува употреба на кислород, лекарства за намалување на болката и давање на течности, орално или интравенски за да се намали болката и спречат компликациите.

Понекогаш се врши и трансфузија на крв, се даваат суплементи вклучувајќи ја и фолната киселина, а некогаш од страна на лекарите се препишуваат и антибиотици.

Таласемија – за повеќето форми на овој тип на анемија кои се со умерен интензитет не е потребна никаква терапија, но за посериозните форми во третманот се употребуваат суплементи со фолна киселина, лекови, трансфузија на крв, отстранување на слезенката, или трансплантација на коскена срцевина.