Кога имаш алергија прво што забележуваш е кивањето, течењето на носот или солзење на очите, но во твоето тело се случува една цела низ на поврзани реакции кои ги предизвикуваат овие симптоми.
Улогата на твојот имун систем е да го брани телото, но во случај на алергија се случува нешто сосем поинаку.
По детектирање на потенцијалниот алерген, имуниот систем започнува една пребурна реакција, и почнува да создава антитела кои всушност ќе ја поттикнат алергиската реакција од страна на клетките.
Оваа алергиска реакција најчесто се случува во носот, грлото плуќата, синусите и ушите, а може да ја зафати и кожата, како и слузокожата во цревата.
Секој вид на IgE антитела реагира точно на одреден тип алерген, и токму затоа некои луѓе се алергични само на едно нешто, некои на повеќе алергени се во зависност од присатните антитела во нивниот организам.
Причината за појавата на една или повеќе алергии сеуште со точност не се знае, но најмногу се обвинува наследниот фактор, односно постоењето на фамилијарна историја на алергии.
Постојат повеќе видови на алергии, грубо поделени на сезонски и целогодишни односно постојани.
Алергискиот ринитис на пример припаѓа и во двете групи. Според видот на алергиска реакција најсериозна е анафилаксата или анафилактичкиот шок.
Овој тип на алергија може да го загрози животот, затоа што одеднаш за многу кусо време може да зафати и повеќе делови од телото. Симптомите вклучуваат чувство на топлина, црвенеење, чешање, губиток на здивот, малаксалост, затегање во грлото, анксиозност, повраќање, дијареа, што може да доведе и до губење на свеста и паѓање во шок. Најчести преизвикувачи на ваков тип на алергија се некои видови на храна, убоди од инсекти, латекс и некои лекови.
Во случај на појава на анафилкса неопходна е брза реакција, инјекција со епинефрин (адреналин) и пренос во одделот за ургенти состојби, затоа што доколку правовремено не се реагира можно е да дојде и до смрт.