Што треба да знаеме за окото – незаменливиот орган во човечкото тело

Човечкото око многу често се нарекува и најсложен орган во човечкиот организам.

Окото односно очното јаболко е составено од три очни обвивки и од внатрешна содржина.

Обвивките на окото се следниве:

Надворешна обвивка – составена од проѕирната рожница и непроѕирната белка, оваа обвивка му дава цврстина и облик на очното јаболко, а рожницата ја рефрактира светлината.

Средна обвивка – составена од шареницата, цилијарното тело и жилница, служи за исхрана и акомодација на окото.

Внатрешна обвивка – составена од ретината која се дели на два дела, дел што гледа и слеп дел. Оваа обвивка има задача да ја перцепира светлината.

Содржината на очното јаболко ја сочинуваат водичката, интраокуларната леќа и стакловината.

Човечкото око функционира слично како камера, се фокусира на одреден објект, потоа светлината се рефлектира и влегува во окото низ корнеата.

Кога минува светлината заобленоста на корнеата ја витка светлината, што му овозможува на окото да се фокусира на ситните детали.

Зеницата, ирисот, и леќата помагаат во фокусирањето на светлосните зраци на ретината.  Ретината е мембраната која го покрива задниот дел од окото и таа е чувствителна на светлина, кога светлината ќе стигне до ретината, група на специјални клетки (фоторецептори) ја претвораат во електрични сигнали.

Овие електрични импулси со помош на оптичкиот нерв патуваат од ретината до мозокот.  Потоа мозокот ги претвора електричните импулси во визуелни слики кои ние ги гледаме.

Окото е незаменлив орган во човечкото тело и многу е важно да се очувува неговото здравје и видот.

Има повеќе фактори кои можат негативно да влијаат врз здравјето на окото, а со тоа и врз видот, и ова се некои од нив:

  • Минување на предолго време пред комјутерските екрани
  • Минување на предолго време пред екранот на мобилниот телефон
  • Несоодветна употреба на контактните леќи
  • Подолга изложеност на сув воздух
  • Прекумерно триење на очите
  • Не заштитување на очите, при извршување на ризични задачи
  • Не носење на очила со доволна УВ заштита
  • Употребата на некои лекови ( антидепресанти, лекови против акни итн.)
  • Неухранетост
  • Шеќерна болест
  • Процесот на стареење

Процесот на стареење е физиолошки процес кој не можеме да го сопреме, но затоа можеме да влијаеме врз другите фактори кои претставуваат опасност за видот.

Ограничувањето на времето минато пред екрани, носењето на заштитни очила или очила со УВ заштита, исхраната богата со нутритиенти, не чепкањето на очите со валкани раце и нивно триење, како и редовното одржување на хигиената на леќите, но и нивната правилна употреба се само некои од мерките кои може да ги превземеме за зачувување на нашиот вид.

Дополнувањето на исхраната со специјалноо формулирани суплементи за одржување на добар вид истотака може да помогне.

Dr.Viton Ovidox е додаток во исхраната наменет за одржување на нормален вид.  Содржи екстракт од боровинка, лутеин, зеаксантин, рибино масло со точно одредена содржина на ЕПА и ДХА, цинк, бакар, како и витамин Е.

ДХА и цинк придонесуваат за одржување на нормален вид.

Боровинката:

  • Ја подобрува циркулацијата во очите
  • Ја подржува визуелната јаснина
  • Ја подржува функцијата на ретината
  • Природна заштита од слободните радикали

Цинкот, бакарот и витаминот Е придонесуваат за заштита на клетките од оксидативен стрес.

Dr.Viton Ovidox може да се нарача веднаш на следниов линк….