Симптоми на мигрена или на нешто друго?

Мигрената е специфичен вид на главоболка, која од другите видови на главоболки се разликува според своите симптоми.

Таа најчесто се манифестира како силно изразена болка, на едната страна од главата, но понекогаш можно е да ги зафати и двете страни, и да се појави на лицето или вратот.

Болката вообичаено се засилува при придвижување, и токму затоа може да ги оневозможи секојдневните активности.

Други симптоми на мигрената се следниве:

  • Чувство на болност
  • Зголемена чувствителност на светлина и звук
  • Потење
  • Слаба концентрација
  • Чувство на преголема топлина или преголем студ
  • Болки во стомакот
  • Дијареа

Кај поголем број од луѓето кои страдаат од мигрена, пред да се појави самиот напад се појавуваат предупредувачки знаци наречени со едно име аура.

Тие вклучуваат:

  • Проблеми со видот – во форма на зраци на светлина, цик- цак патерни или слепи точки
  • Отрпнатост или чувство на боцкање кое почнува во едната рака и се придвижува постепено нагоре зафаќајќи го потоа лицето, усните и јазикот.
  • Губење на рамнотежата и лошење
  • Потешкотии со говорот

Времетраењето на овие симптоми на аурата може да е од неколку минути до неколку часа, и се јавува ден или два пред самиот мигренозен напад.

Иако не е многу честа појава, сепак постојат и случаи каде по аурата пациентот добил само слаба главоболка или воопшто не добил главоболка.

Важно е да се има познавање за симптомите на мигрената, и да може да се идентификува нивниот интензитет и време на траење, затоа што од нив зависи и потребата од барање на лекарска помош.

Посета на лекар се советува во случај на чести или силни мигренозни симптоми, кои не можат да се менаџираат со повремена употреба на лекови против болка кои се продаваат без рецепт, како што е на пример парацетамол.

А на оние пациенти кои со употребата на овие лекови успеваат да најдат олеснување им се советува да избегнуваат да употребуваат максимална доза на лекот редовно, или премногу често, затоа што со тек на време лекот би можел да ја загуби својата ефикасност за менаџирање на мигренозната главоболка во иднина.

Посета на лекар се советува и кога мигрената се појавува повеќе од 5 дена во рамките на еден месец, дури и во случај кога успешно се менаџираат симптомите, со цел да се направи третман за превенција.

  • Понекогаш состојба со симптоми на мигрена, може да бара и итна медицинска помош,затоа што всушност може да станува збор за менингитис или мозочен удар.
  • Ова се симптомите кои бараат итна лекарска интервенција:
  • Парализа или слабост во една или во двете раце, или на едната страна на лицето.
  • Неразбирив и конфузен говор
  • Ненадејна агонизирачка болка која е посилна од билокога порано
  • Главоболка која е пратена со висока температура, здравен врат, ментална конфузија, грчеви, дупло гледање и осип.