Пост трауматично стресно нарушување е ментална состојба која е поттикната од трауматичен настан без оглед дали лицето го доживеало лично или било сведок на истото.
Симптомите може да вклучат, кошмари, силна анксиозност, враќање на сликовити записи од настанот, и неконтролирано мислење и потсеќање на настанот.
Кај повеќето луѓе со примена на соодветните мерки за надминување на ова нарушување, се забележуваат позитивни резултати.
Симптомите на ПТСД се долготрајни и тие може да траат со месеци или со години и често имаат тенденција да се влошуваат.
Во најголем број на случаеви, симптомите почнуваат да се појавуваат еден месец по трауматичниот настан но понекогаш е возможно да се појават и неколку години подоцна и да почнат да создаваат сериозни проблеми во животот.
Најчести симптоми со кои се соочуваат лицата со ова нарушување:
- Повторувачки, стресни сеќавања за трауматичниот настан
- Повторно преживување на истото поттикнато од враќањето на визуелни сцени
- Кошмари во врска со траумата
- Силен емотивен одговор во случај на тригер кој враќа сеќавања
- Избегнување да се мисли или зборува за траумата
- Избегнување на места, луѓе и активности кои потсеќаат на настанот
- Негативно мислење за себе и за другите луѓе во светот
- Проблеми со меморијата кои вклучуваат и не сеќавање на некои делови од настанот
- Чувство на одвоеност од семејството и пријателите
- Проблеми со градење на блиски врски со другите
- Чувство на емотивна отапеност
- Потешкотии во искажување на позитивни емоции
- Постојана напнатост во исчекување на некаква опасност
- Самоуништувачко однесување и навики
- Проблеми со сонот
- Иритабилност или агресивно однесување
- Претерано чувство на срам или вина итн.
Интензитетот и појавувањето на некои или повеќе симптоми, може да варира со тек на времето, но воглавно до нивно потенцирање доаѓа во случај на изложеност на поголем стрес, или при ненадејна појава на некој тригер.
Самоубиствените идеи и чувството на безнадежност истотака може да се појават како дел од оваа состојба, и во тој случај потребно е итно да се побара помош од блиско или стручно лице.