Со додатоци во исхраната, против хроничниот замор

Синдромот на хроничен замор е состојба која ги прави луѓето да се чувствуваат изнемоштено и очајно, без доволна енергија за да се справат со секојдневните предизвици кои ги носи животот.

Причината е непозната, дијагностиката комплицирана, а лекувањето насочено само кон третирање на симптомите.

Изборот на здрава и балансирана храна, може да го дигне нивото на енергија и дa го подобри квалитетот нa живот кај овие лица, а добри резултати се постигаат и со збогатувањето на исхраната со одредени суплементи како што сe магнезиумо омега 3 масните киселини, Коензимот Q10 и карнитин.

Магнезиум – кај луѓето со синдром на хроничен замор, забележано е ниско ниво на магнезиум, а кога магнезиумот е низок тогаш митохондриите во клетките се поподложни на оштетувањата од слободните радикали.

Оксидативното оштетување во комбинација со хроничната инфламација се едни од факторите кои предизвикуваат хронична изнемоштеност.

Суплементирањето со магнезиум се покажало поволно, во поглед на зголемување на нивото на енергија, како и на емотивната благосостојба.

Магнезиумот е неопходен за создавање на биолошки акивен АТП, кој е неопходен за создавање на енергија во клетките.  Го намалува стресот и помага за чувство на помала напнатост и релаксација, го регулира и количеството на мелатонинот и на смирувачкиот неуротрансмитер ГАБА во мозокот.

Витаминот Д истотака е забележано дека може да им недостасува на лицата со синдром на хроничен замор.  Тој е еден од најмоќните нутритиени за модулирање и регулирање на имуниот систем.  Неговото ниско ниво е поврзано со активирање на воспалителни процеси во телото кои може да го зголемат чувството на умор и изнемоштеност.

При суплементирање на витамин Д, потебно е да се внимава и на неговиот баланс со витаминот К2.

Витаминот Ц покрај многуте исклучително битни функции во телото, како на пример за нормална функција на имуниот сисстем, за создавање на колаген, за заштита од оксидативниот стрес, е битен и за нормална продукцја на хормоните од адреналните жлезди.

Доколку функцијата на адреналните жлезди не е со полн капацитет тогаш можно е да се појави синдром на хроничен замор.

Омега 3 масни киселини – недостатокот на овие киселини е одговорен за голем број на инфламаторни процеси во телото, и затоа што преку храната не можат да се внесат во доволни количини, потребно е да сe внесуваат во форма на квалитетно рибино или крилово масло.

Б витамини – Б витамините се неопходни за создавање на енергија од храната,односно за нормална функција на митохондриите, доколку овој процес не се одвива нормално можно е да се појави чувство на хроничен замор.

Поддршка на митохондрии – митохондриите се составен дел на клетките, и претставуваат центри каде што се создава енергијата, освен тоа тие ја заштитуваат нашата ДНК, го одржуваат нормалното ниво на глутатион, сигнализираат кога е потребно клетката да се реплицира, и кога е потребно да се активира клеточната апоптоза.

За да функционираат беспрекорно потребно е на митохондриите да им се даде нутритивна поддршка.  Суплементи кои најчесто се користат за таа цел и даваат добри резултати се: Алфа липоична киселина, L-карнитин, Б витамините, и коензимот Q10.