Совети за побрзо топење на килограмите

 

Во денешно време кога  луѓето се изложени на се поголемо ниво на стрес и се позабрзан начин на живот, забележан е тренд на зголемување на бројот на гојазни лица.

Додека бројот на лицата со прекумерна тежина рапидно расне, најчесто како и за ред други модерни здравствени проблеми причината се бара во стресот.

Но, во овој случај, има вистина во тоа, затоа што стресот и преморот кој рака под рака оди со него, честопати прават да се заборават здравите навики.

Наместо да се направи пауза и целосно ресетирање на начинот на живот и исхрана, човекот кога е премногу напнат утеха почнува да бара во нездравата брза храна, во благото или во алкохолот, и многу пати воопшто не му ни текнува дека редовната физичката активност треба да е дел од сечие секојдневие, па и од неговото.

На овој начин, многумина кога се под стрес несакајќи влегуваат во еден маѓепсан круг, кој неминовно резултира со покачување на телесната тежина поради поголемиот внес на калории и помалото трошење на истите.

Но, за среќа за намалување на покачената телесна тежина како и за останување во рамките на нормалата, постојат и некои корисни совети:

Редовна физичка активност

Редовната физичка активност, мора да биде неизоставен дел од животот на секој оној кој сака да биде виток и здрав.  Редовното спортување помага за поголема и побрза потрошувачка на внесените калории, а истовремено предизвикува чувство на задоволство и успешно го намалува стресот.

Здрава и балансирана исхрана

Кога станува збор за здравата исхрана не смее да постојат никакви изговори, не само за зачувување на надворешниот виток изглед туку и за одржување на севкупното здравје.  Храната која секојдневно се внесува не треба да содржи  празни калории, туку треба да има избалансиран состав кој на телото ќе му ги даде сите макро и микронутритиенти за доволно создавање на енергија и нормално функционирање.

Добра хидратација

Докажано е дека луѓето честопати кога се жедни, потребата за течност погрешно може да ја протолкуваат како глад.

Погрешното доживување на потребата за пиење на течност како потреба за јадење на храна, доведува до внесување на повеќе калории во телото од што е потребно, и до покачување на телесната тежина.  Затоа за одржување на здрава тежина потребно е да се одржува и добро хидрирано тело.

Менаџирање на стресот

Практикувањето на проверени техники за намалување на стресот, не само што докажано помага за одржување на нормална телесна тежина, туку има и многу полезно влијание врз севкупното здравје на човекот.

Доколку примената на вакви и слични совети не помогне за намалување на телесната тежина, помош може да се побара и во употреба на квалитетни додатоци во исхраната кои го помагаат процесот на слабеење.

Dr.Viton CLA е додаток во исхраната кој содржи конјугирана линоленска киселина (CLA).

Оваа состојка има фантастична способност да ги топи мрсните наслаги, и истовремено да ја зголемува мускулната маса.  Нејзината употреба во комбинација со умрена физичка активност и балансирана исхрана, докажано доведува до побрзо и полесно топење на вишокот на килограми и до добивање на витко тело.

Dr.Viton CLA може да се нарача секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на телефонскиот број  02 3218 821

или преку интернет: https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-cla/  и во најкус можен рок ќе биде доставена на посакуваната адреса со брза пошта.

Dr.Viton CLA може да се набави и во сите подобро снабдени аптеки, вклучувајќи ги и аптеките на Еурофарм, Зегин, Виа Фарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex.