Постот е пракса која се користела уште илјадници години наназад од религиски, но и од здравствени причини.
Претставува пракса на неконзумирање на храна, или на одреден тип на храна во точно прецизиран период.
Во последно време меѓу поборниците за здрава храна и живот се почесто акцентот се става на придобивките од еден специфичен начин на исхрана наречен “Интермитент фастинг”.
Во овој режим на исхрана, најчесто во рамките на еден ден постои точно прецизиран период во кој може да се јаде, додека во останатиот дел од денот или ноќта може да се пие само вода или хербални чаеви.
Според експертите во ова поле, овој режим на исхрана дава многу придобивки за човековото здравје:
- Помага за лекување на цревата
- Го намалува хроничното воспаление
- Ја стимулира клеточната автофагија
- Делува против стареење
- Помага за намалување на прекумерната тежина
- Ја подобрува функцијата на имуниот систем
- Ја подобрува мозочната функција
- Го регулира шеќерот во крвта
- Ја подобрува инсулинската сензитивност
- Го регулира холестеролот и тригицеридите
- Заштитува од развој на рак и други болести
Логиката позади оваа пракса на постење е дека колку што помалку време и енергија трошиме на варење на храната, толку повеќе време и енергија ќе му остане на телото за да се излечи и обнови.
Можеби една од најинтересните придобивки од овој начина на хранење и живеење е поттикнување а процесот на автофагија.
За да се активира овој процес, потребно е циклусите на постот да трајат 16 или повеќе часови, а до толку долг циклус на пост треба да се стигне постепено.
Автофагијата е процес при кој самото тело се ослободува и чисти од старите и оштетени делови од клетките, и чистејќи ги од нив создава енергија, истовремено поттикнувајќи го производството на нови и поефикасни клетки.
На овој начин автофагијата влијае врз интрацелуларната репликација на вируси и паразити, и на тој начин го намалува хроничното воспаление. А токму неконтролираното хронично воспаление претставува тригер и причина за развој на многи болести на модерното време, како што се метаболниот синдром, срцевата болест, ракот и автоимуноста.
Некои научници врз база на експериментите правени со животни, предвидуваат дека прифаќањето на овој режим на исхрана би можел да го зголеми животниот век и до 30%, а доколку тоа не се случи сепак се очекува подобро здравје, поквалитетен живот и добро одржана мозочна функција.