Начинот на исхрана има големо влијание врз човековото здравје. Храната може да помогне, но истотака и да одмогне.
Постојат видови на храна за кои е докажано дека негативно влијаат врз човечкото здравје, затоа што предизвикува воспаление. Во ваква храна спаѓаат:
- Шеќерот – за шеќерот е веќе општо познато дека може да го уништи човековото здравје, истото сознание се однесува и на сличните на сахарозата, сукроза и фруктоза.
- Транс масти – овој тип на масти кои се содржи во брзата и пржена храна, во маргаринот, во процесираната храна, имаат разорно дејство врз здравјето, истото се однесува и на парцијално хидрогенизираните масти.
- Омега 6 масни киселини – овие киселини му се потребни на телото, но само во умерена количина. Доколку се внесат во поголема количина тие поттикнуваат создавање на проинфламаторни супстанции во телото и придонесуваат за хронично воспаление. Најчест извор на овие масни киселини се растителните масла како сончогледовото, но и мајонезите и различните куповни преливи за салати.
- Рафинирани јаглехидрати – белото брашно како и различните видови на печива направени со него, крекерите, житарките за појадок сите тие спаѓаат во храна со висок гликемиски индекс, која дополнително поттикнува и воспалителни процеси во телото.
- Појачувачи на вкус – вештачки додадените појачувачи на вкус како што е МСГ односно моносодиум или мононатриум глутамат, ја поттикнуваат хроничната инфламација во телото, и влијаат негативно и врз здравјето на црниот дроб.
- Глутен – не само луѓето кои патат од целијакија туку и луѓето кои се интолерантни на глутен, истиот треба да го избегнуваат во нивната исхрана затоа што тој има моќ да ја зголеми инфламацијата, па дури да предизвика и автоимуни реакции.
- Казеин – некои луѓе кои патат од хронични заболувања во чија срж лежи хроничното воспаление, забележуваат подобрување на состојбата кога од исхраната ќе го исклучат казеинот. Таков на пример е случајот со лицата кои имаат артритис.
- Аспартам – овој вештачки засадувач не само што предизвикува воспалителни процеси во телото туку е поврзан и со појава на рак.
- Алкохол – алкохолот го преоптоварува цриот дроб и предизвикува воспаление во телото. За да се намали воспалнието се препорачува воопшто да не се конзумира алкохол или да се конзумира во мали количини.
Наспроти овие видови на храна постои и антиинфламаторна храна, чие што конзумирање ги намалува воспалителните процеси во телото. Почетен чекор при лекување на секое заболување треба да биде намалувањето на воспалението за да телото се доведе во поповолна состојба за лекувањето да резултира со позитивен исход.
Антиинфламаторната диета се базира воглавно на козумирање на поголемо количество на свеж зеленчук и овошје, помалку животински протеин и повеќе омега 3 масни киселини.
Ваквата диета ќе го снабди телото и со потребните витамини и минерали, но и со изобилие на антиоксиданси кои освен што ќе ги заштитат клетките од понатамошно оштетување од дејството на слободните радикали, имаат моќ и да ја поправат настанатата штета од дотогашните воспалителни процеси во телото.
Во ваква храна спаѓаат: зелениот лиснат зеленчук, круциферните зеленчуци, авокадото, ананасот поради содржењето на бромелаин, боровинките поради содржењето на полифеноли и кверцетин, чиа и семките од лен, свежите зачински билки и мелени зачини, куркумата и ѓумбирот, диво уловената мрсна риба како лосос, а доколку се јаде месо се препорачува да е немасно и од органско потекло, а од масла се преферира употребата на ладно цедено маслиново масло.