Кога ќе се појави, високиот холестерол не е за игнорирање. Тој е опасна состојба која може да го загрози животот, или да предизвика ред други здравствени нарушувања како што се висок крвен притисок, артеросклероза, откажување на бубрезите итн.
Причина за неговата појава може да биде фамилијарната предиспозиција во комбинација со начинот на живот, но и без постоење на фамилијарна предиспозиција хиперхолестеролемија може да се појави и само како резултат на долгогодишен нездрав начин на живот.
Високиот холестерол може да се појави и секундарно како резултат на постоењето на некоја друга скриена болест. Најчести болести кои може да доведат до секундарно зголемување на холестеролот се хроничната шеќерна болест, бубрежна болест, намалената функција на тироидната жлезда, лупус итн.
Во ваков случај кога високиот холестерол е последица на некоја друга болест, за да дојде до негово нормализирање потребно е да се лекува примарното здравствено нарушување.
Секундарна појава на хиперхолестеролемија е забележана и при употреба на различни лекови, како што се лековите кои се користат во терапија на хипертензија, ХИВ, рак, срцеви аритмии, акни итн.
Примарни фактори кои можат да го зголемат нивото на холестеролот над нормалната граница се
- Фамилијарна предиспозиција
- Недоволна физичка активност
- Неправилниот начин на исхрана
- Прекумерната телесна тежина
- Неумереното пиење алкохол
- Пушењето
За неправилен односно нездрав начин на исхрана, се смета континуираниот внес на храна која е богата со штетни маснотии (заситени или транс масти), процесираната храна преполна со најразлични адитиви, храната произведена од бело брашно, храната со големо количество на шеќер итн.
Транс мастите во човечката исхрана доспеваат најчесто преку внес на пржената храна, процесираните грицки и слатки и затоа таквата храна треба да се сведе на минимум или целосно да се избегнува.
Заситените масти во исхраната најчесто потекнуваат од мрсното месо, полномасните млечни производи и нивни преработки.
Во случајот на проблеми со холестеролот предност има растителната храна, а за особено здрав се смета внесот на свеже овошје и зеленчук.
Со корегирање на начинот на исхрана во насока на правење на поздрав избор на продукти, во комбинација со други здрави животни навики забележани се многу случаи на успешно регулирање на холестеролот.
Но, доколку ваквите промени не го дадат потребниот резултат, исхраната може да се надополни со за таа цел специјално формулирани производи односно додатоци во исхраната.
Dr.Viton HOLESTERID е најнов производ од палетата производи Dr.Viton наменет за одржување на нормално ниво на холестерол и триглицериди во крвта.
Dr.Viton HOLESTERID во својот состав содржи моќна комбинација на специјално избрани билни екстракти, за кои научно е докажано дека придонесуваат за одржување на нормално ниво на маснотии во крвта. Со внес на само 1 капсула од Dr.Viton HOLESTERID на ден, во телото се внесуваат и 100мг црвен квасец од ориз, односно 2,9мг Моноколин К, што дополнително оди во прилог на ефикасноста на овој уникатен производ.
Dr.Viton HOLESTERID може да се нарача веднаш на следниов линк
Holesterid – за одржување на нормално ниво на холестерол во крвта – Алфалаб (alfalab.mk)
Или на телефонскиот број: (02) 3218-821 (секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот)
И во најбрз можен рок ќе биде доставен на посакуваната адреса со брза пошта!
Dr.Viton HOLESTERID може да се набави и од сите подобро снабдени аптеки.