Хомоцистеин е амино киселина која нормално ја има во човековото тело, но кога ќе достигне високи вредности тој станува опасен за здравјето на човекот.
Во преголема количина хомоцистеинот е неуротоксична и воспалителна супстанција, која има способност да го зголеми оксидативниот стрес и оштетувањето кое може да го предизвикаат слободните радикали во мозокот.
Се смета дека предизвикува митохондријално оштетување, и дека има способност да ја оштети крвно мозочната бариера и да дозволи до мозокот да допрат супстанции кои би требало да не ја минуваат нормалната бариера.
Високото ниво на хомоцистеин се поврзува со појавата на неуродегенеративни и кардиоваскуларни болести, мозочен удар, проблеми во бременост, проблеми со видот и меморијата итн.
Најновите истражувања посочуваат дека високото ниво на хомоцистеин во крвта може да доведе до оштетување на крвните садови и на неуронската мрежа во ретината, и тоа понатаму да доведе до оштетување на ретината и загуба на видот.
Една од причините за покаченото ниво на хомоцистеин во крвта може да биде недоволното количество на витаминот Б12, Б6 и фолат. Но, за покачување на неговото ниво допринесуваат и животните навики.
Причина за покачен хомоцистеин може да биде:
- Исхраната
- Преголемиот внес на кафе и алкохол
- Пушењето
- Прекумерниот стрес
- Недоволната физичка активност
- Прекумерната телесна тежина
- Некои лекови
- Некои болести
Метионинот е есенцијална амино киселина која се внесува во телото со конзумација на протеинска храна. Дел од внесенот метионин во телото се претвора во хомоцистеин. Во нормални услови за да се задржи балансот, со посредство на витаминот Б12 и фолат, вишокот на хомоцистеин повторно се претвора во метионин. Во случај на недостаток на витаминот Б12 и фолат овој процес е оневозможен, и сето тоа резултира со покачување на нивото на хомоцистеин.
Неодостатокот на фолат, е чест проблем кај повеќето луѓе бидејќи тие не јадат доволно овошје, зеленчук и житарки кои се богати со фолат.
Намалувањето на покаченото ниво на хомоцистеин, е еден од неопходните методи за одржување на добро менталното и физичко здравје.