Зошто е важен триптофанот

Амино киселините се основна градбена единка на сите протеини во телото.  Од вкупно 20 амино киселини кои се неопходни за здравјето на човекот, триптофанот се издвојува како неопходен прекурсор за создавање на важни биоактивни соединенија, како што се серотонин, мелатонин, витаминот Б3 и кинуренин.

Серотонинот е важен неуротрансмитер, често наречен и хормон на среќата.  Доволното количество на серотонин во организмот поттикнува чувство на благосостојба, релаксација и задоволство.

Наспроти ова, ниското ниво на серотонин често е поврзано со појавата на депресија.

Главната улога на мелатонинот во човечкото тело е одржувањето на нормален циркадијален ритам, односно правилна регулација на времето кога спиеме и кога сме будни.  Мелатонинот е и силен природен антиоксиданс кој го заштитува органзимот од штетното дејство на слободните радикали.

Создавањето на витаминот Б3 – ниацин, во телото е невозможно без присаство на триптофан. Ниацинот е неопходен за создавање на енергија во телото, за здрави кожа, коса и нокти, како и за беспрекорно функционирање на нервниот систем.

Доволната количина на триптофан во човечкото тело промовира добро расположение, смиреност и добар сон, недоволната количина го дава сосем спротивниот ефект.

Иако човечкото тело има способност и самото да создава амино киселини, триптофанот не е една од нив.

Триптофанот всушност спаѓа во групата на есенцијални амино киселини,односно оние амино кисленини кои телото не може да ги создаде само и затоа редовно мора да бидат внесувани со храна.

Добар извор на триптофан е мисиркиното месо како и месото од друга живина, јогуртот, сирењето, јајцата, спанаќот, варените легуминози, киноа, хељда, семки и јатки.

Меѓу семките во поглед на количеството на триптофан кое го содржи особено се издвојува чиа семето.

Чиата содржи многу повеќе триптофан отколку лененото и сончогледовото семе, иако и тие се сметаат за солидни извори на оваа есенцијална амино киселина.

Освен триптофан, чиата содржи и калиум и тоа повеќе од бананите, железо и до три пати повеќе од спанаќот, многу повеќе антиоксиданси од брусницата и до пет пати повеќе калциум од млекото.

Поради богатиот нутритивен состав збогатувањето на храната со чиа семки, масло од чиа или протеин од чиа, на секој човек би можел да му обезбеди само позитивни придобивки.

Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се додаток во исхраната кои содржат 1.000 мг органско масло од чиа.

Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите се достапни во аптекитe на: Зегин, Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети и во сите други подобро снабдени аптеки, како и во дрогериите на dm и Cosmo – Тинекс.

Dr. Viton – Chia Oil софтгел капсулите можеш лесно и брзо да се нарачаат и онлајн на: https://alfalab.mk/proizvodi/chia-oil/

Или на телефонскиот број: 02 3218 821, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, и за рекордно кратко време ќе бидат доставени на посакуваната адреса со брза пошта!