Луѓето кои имаат акни, понекогаш се плашат да јадат мрсна храна, бидејќи нивната кожа произведува повеќе себум. Но, најновите истражувања покажуваат дека постои група на добри маснотии кои не само што нема да ја влошат состојбата туку дополнително можат да помогнат.
Токму такви се омега 3 масните киселини, кои на телото му се неопходни за нормално извршување на физиолошките функции, а бидејќи тоа само не може да ги создаде потребно е да се внесуваат редовно со храната.
Омега 3 масните киселини ги има во мрсната риба, ленот, оревите, во рибино и крилово масло.
Всушност за да бидеме витални и здрави, нашите тела мора да одржуваат постојан баланс меѓу Омега-6 и Омега-3 масните киселини, но доколку тој баланс се наруши, може да се поттикне развојот на многу болести, клетките предвреме да почнат да стареат, а неминовно почнува да старее и страда и кожата.
Со научните судии е докажано дека ЕПА и ДХА, се од огромно занчење за одржувањето на здрава кожа, поради тоа што:
- Ја одржуваат нормалната структура на кожата
- Ја помагаат физиолошката функција на кожата
- Ја спречуваат дехидратацијата
- Го намалуваат воспалението
- Ја зголемуваат толеранцијата на кожата кон сончевите зраци
- Заштитуваат од предвремено стареење и брчки
- Имаат силно антиоксидансно дејство
Кај лицата кои имаат акни, постои воспаление, а омега 3 масните киселини имаат докажано и силно противвоспалително дејство.
Тие делуваат во оваа насока преки различни механизми, а само еден од нив е и блокадата на инфламаторните еиконазоиди со што омега 3 масните киселини успеваат да ја спречат каскадата на воспалителните процеси.
Омега 3 масните киселини имаат и силно антиоксидансно дејство, ги неутрализираат слободни радикали и ги заштитуваат клетките од стареење. Нивната доволна количина во телото ја засилува природната одбрамбена способност на кожата, делувајќи директно на билипидниот слој на клеточните мембрани.
Омега 3 масните киселини овозоможуваат непречен двонасочен пренос на хранливите состојки и отпадни продукти на ниво на кожата и истовремено го спречуваат губењето на водата, и ја превенираат дехидратацијата.
Затоа доколку не е возможно два или три пати неделно да се јаде мрсна риба во доволни оличини за да се обезбеди адекватен внес на омега- 3, пожелно е исхраната секојдневно да се надополнува со некој висококвалитетен додаток во исхраната кој содржи Омега-3.
Внимателни треба да бидат само лицата кои се алергични на риба и морски плодови, додека сите други би можеле да очекуваат само позитивни придобивки.