Остеопорозата е болест при која доаѓа до ослабување на коските, поради што тие стануваат значително покршливи.
Иако остеопорозата може да се појави буквално кај секого, сепак статистичките податоци покажуваат дека таа почесто се појавува кај жените во поодмината возраст а особено кај лицата кај кои улога играат повеќето ризик фактори.
Самиот збор остеопороза доаѓа од терминот порозни коски, и претставува најчеста форма на коскено заболување кое често може да се појави и како нормален дел од процесот на стареење.
Остеопорозата може да биде примарна или секундарна, примарната е последица на стареењето, а секундарната може да се развие како резултат на постоењето на некоја друга состојба.
Ризикот за појава на остеопороза кај жените е повисок, затоа што меѓудругото жените имаат помали и потенки коски од мажите.
Но, постојат и други фактори кои прават жените да бидат поподложни кон развојот на оваа болест, а тоа се следниве:
- Прерано затајување на јајниците
- Низок индекс на телесна маса
- Недостаток на нутритиенти
- Автоимуни болести
- Употреба на цигари и алкохол
- Менопауза
- Долготрајна употреба на некои лекови
- Некои оперативни зафати
За прерано затајување или откажување на јајниците се смета кога јајниците престануваат нормално да ја вршат својата функција пред жената да наврши 40 години.
Се смета дека при ова појава, не се создава доволно естроген како резултат на што од јајниците редовно не се ослободуваат јајце клетки.
Ваквата состојба е причина за неплодност, но затоа што хормонот естроген е важен и за здравјето на коските, неговиот недостаток може да доведе и до појава на остеопороза.
Нискиот индекс на телесна маса или подпросечната телесна тежина истотака е ризик фактор за појава на остеопороза затоа што неухранетоста може негативно да се одрази врз нивото на некои хормони во телото, кои меѓудругото се неопходни и за здравјето на коските.
Недостатокот на некои важни нутритиенти како што се на пример калциумот и витаминот Д, може да го зголеми ризикот за појава на остеопороза.
Автоимуните болести како што се ревматидниот артритис, мултиплекс склерозата и лупусот кои истотака почесто се јавуваат кај жените, често може да предизвикат секундаран остеопороза.
Прекумерната употреба на алкохол и пушењето, можат негативно да влијаат врз производството на хормони, а на тој начин да го нарушат и здравјето на коскениот систем. Дополнително алкохолот доколку се пие во преголеми количини може да ја намали и коскената густина.
Долготрајнатта употреба на лекови како кортикостероиди, лекови кои го блокираат естрогенот и некои други истотак може да ја зголемат порозноста на коските и да ги напсраватт поподложни на кршење.
Хистеректомијата, но и некои други оперативнии зафати при кои се отстрануваат јајниците или утерусот може да гоо зголемат ризикот за појава на остеопороза кај жените.
Но, и покрај сите набројани ризик фактори, менопаузата која е природен дел од стареењето останува можеби да биде еден од најчестите причинители на остеопороза, затоа што во овој период од животот на жената се намалува нивото на естроген како резултат на што се засилува процесот на разградба на коскеното ткиво.