Триглицеридите се маснотии кои се присатни во телото, и потребно е да ги има како форма на складирана енергија, но доколку ги има над нормалното ниво тогаш може да го нарушат човековото здравје.
Високото ниво на триглицериди го зголемува ризикот од проблеми со црниот дроб, панкреасот, бубрезите и кардиоваскуларниот систем.
Постојат научни докази кои посочуваат дека високот ниво на триглицериди може да биде причина за акутно воспаление на панкреасот, или на замастен црн дроб од неалкохолно потекло.
Високите триглицериди заедно со ниското ниво на ХДЛ холестерол во една научна студија од 2016тата година, биле посочени и како фактор за развој на проблеми со бубрезите.
Нивото на триглицериди се проверува со лабораториски тест на крвта, и доколку се покаже дека нивното ниво е покачено, не треба да се паничи, зашто за среќа постојат природни начини за нивно намалување и одржување во границите на нормалата.
Триглицеридите се создаваат од вишокот на калории кои секојдневно ги внесуваме, и се складираат во клетките на масното ткиво, од каде се користат кога на телото му е потребно повеќе енергија.
Високите тригицериди ретко се изолиран проблем и многу често се појавуваат заедно со високиот холестерол, гојазноста, дијабетесот, високиот крвен притисок итн.
Доколку се детектираат потребно е да се превземат мерки за нивно намалување, со промена на животниот стил, а пред се исхраната.
Најчести причини за појава на високи триглицериди се нездравиот начин на исхрана, инсулинската резистентност, оксидативниот стрес, хроничното воспаление, хипотироидизмот, хронични инфекции, дефицит на некои витамини или минерали, како и употребата на некои лекови.
Витаминот Д е многу важен за коските, мускулите и за нормалната функција на имуниот систем, но постојат докази кои велат дека неговиот дефицит може да го зголеми ризикот за појава на високи триглицериди.
Тој се создава во телото под дејство на сончевата светлина, или се внесува со храна како што се џигерот, рибата, јајцата, но доколку недостасува потребно е да се внесе и во форма на суплемент.
Цинкот е важен минерал, неопходен за нормална функција на имуниот систем и нормално одвивање на метаболизмот. Најчесто го има во месото, живината, морската храна, јатките и легуминозните растенија.
Но, и неговиот дефицит во организмот се покажало дека може да го зголеми ризикот за појава на високи триглицериди, а неговата суплементација да ги нормализира и триглицеридите и холестеролот.