ТИПОВИ АКНИ
Акните претставуваат инфламаторно заболување на кожата кое се јавува во деловите со себацеални фоликули. Најчесто се појавуваат во побертетот, кога е засилено лачењето на себум под дејство на андрогените хормони, но може да асе јават и кај новороденче и кај возрасен човек. Постојат различни типови на акни, според возраста во која се јавуваат, според изгледот и според причините за појавување.
Лекувањето на акните е долготраен и тежок процес кој изискува упорност и чести посети кај дерматолог. Терапијата не треба често да се менува за да не дојде до влошување. Акните не треба да се лекуваат самостојно, бидејќи со соодветна терапија и упорност, лекувањето е многу поефикасно и покусо, а можноста за појава на лузни е минимална.
АКНИ ВО РАЗЛИЧНА ВОЗРАСТ
ACNE NEONATUM – Неонаталните акни се јавуваат почесто кај момчињата отколку кај девојчињаата, главно на обрзите, челото и брадата. Најчесто се како промена на изгледот на затворени комедони – гнојаници или митисери. Се појавуваат под дејство на андрогените кои потекнуваат од мајката.
ACNE INFANTUM – Поинаку се нарекуваат и acne juvenilis. Се јавуваат од третиот до 12 месец од животот, најчесто на образите.
ACNE VULGARIS – Многу честа појава. Се појавуваат во пубертетот, почести и потешки се кај мажите, отколку кај жените. Се локализираат во централниот дел на лицето, а може да се прошират и на градниот кош и грбот. Овновна промена е микрокомедон кој подоцна прераснувба во затворен или отворен комедон. Може да остават лузни.
ACNE TARDA – Се јавуваат по 25. година од животот. Почести се кај жените оти ги предизвикуваат хормонални промени кои се случуваат во бременоста, менструалниот циклус или менопаузата.
РАЗЛИКА ВО АКНИТЕ СПОРЕД ИЗГЛЕДОТ
ACNE COMEDONICA – Најблага форма на акни. Настануваа ако во клиничката слика доминираат комедони. Може да бидат затворени комедони (полутопчести јазли со мало вдлабнување во центарот низ кое може да се изцеди белузлава содржина) и отворени комедони (центрирани со црна точка) која не доведува до инфламаторни промени. Најчести се на челото, носот и образите, а поретко на грбот.
ACNE PAPULO–PUSTULOSA – настануваат ако во клиничката слика доминираат папули (јазли од 0,5мм) и пустули (меурчиња исполнети со гној). Може да настанат само од затворени комедони. Кожата е црвена и воспалена.
ACNE NODULO–CYSTICA – настануваат ако дојде до појава на цврсти, болни јазолчиња. Претставуваат најтешка форма на акни оти ги зафаќа подлабоките делови на фоликулот. Промените може да остават лузни и хиперпигментација.
ACNE CONGLOBATA – претставуваат ретка форма на акни кои се јавуваат на лицето, вратот и грбот. Кожата е масна, црвена и видливи се болни нодуси и чиреви. Постои голем ризик за појава на лузни.
ACNE FULMINANS – најчести се кај мажите помеѓу 15 и 25 години. Може да бидат проследени со други симптоми, кои вклучуваат болки во зглобовите, покачена температура, губење на апетит и губење на телесна тежина.
ОСТАНАТИ ФОРМИ НА АКНИ
ACNE EXCORIÉE – најчесто се јавуваат кај млади жени кои ги стискаат бубулиците. Може да бидат предизвикани од стрес или дрги психолошки проблеми. Се карактеризира со мали акни до кои се наоѓаат и бројни красти и лузни како последица од чешањето. Често оставуваат лузни.
ACNE OLEOSA – се појавуваат на атипични места, како бутови, потколеница и рака. Предизвикани се од чести контакти со масла и катрани кои доведуваат до затворање на испусниот канал на себацеалната жлезда.
ACNE MEDICAMENTOSA – се јавуваат на горниот дел од трупот. Промените се повлекуваат по прекин на употреба на медикаментите кои содржат глукокортикоиди, изонијазид и халогени елементи.
ACNE MECHANICA – Се појавуваат кај спортисти по задржување на пот на телото. Најчесто причината за појава е тесната и синтетичка облека.
ACNE COSMETICA – последица се од примена на некои козметиччки производи кои содржат супстанци кои имаат комедоген ефект (билни масла, ланолин, вазелин, бутил стеарат, олеинска киселина). Овие супстанци ги блокираат себацеалните жлезди и така доведуваат до појава на акни.
КАКО И ЗОШТО ДА СЕ ЛЕКУВААТ АКНИТЕ
Акните претставуваат најчеста несакана состојба на кожата. И покрај многу достапните совети, точни информации за акните и нивното лекување може да бидат недоволни. Тоа може д го отежни патот до постигнување на чиста кожа. Со овие информации се обидуваме да ви помогнеме да ги разберете акните и како успешно да ги лекувате и надминете.
ШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА ПОЈАВАТА НА АКНИ
Акните се јавуваат кога пората на кожата се запушува. Ова почнува со таложење на мртви клетки од кожата. Во нормални услови, мртвите клетки се издигаат до површината и отпаѓаат. Кога организмот ќе почне да произведува многу себум, маслата кои спречуват исушување на кожата, тие мртви клетки од кожата се лепат и наместо да отпаднат, се заробуваат внатре во порите. Понекогаш бактериите кои нормално живеат на нашата кожа – propionibacterium acnes, исто така се заробуваат внатре во запушените пори. Тие бактерии во ваков случај, имаат иделани услови за свој раст и размножување. По големиот број на бактерии во неа, пората станува воспалена (црвена и отечена). Ако воспалението се прошири на подлабоките слоеви од кожата, доаѓа до појава на циста и нодул. Тогаш, на кожата може да се видат различни промени; митисери, запушени пори, папули, пустули (она што повеќето го нарекуваат бубулица), цисти и нодули. Акните може да се јават на лицето, вратот, градите, надлактиците, грбот и задникот.
КОЈ ЗАБОЛУВА ОД АКНИ
Ако имате акни, може да се чувствувате како да сте единствени. Вистина е дека многу луѓе страдаат од акни. Акните главно ги погодуваат тинејџерите и младите возрасни лица, но акните можат да се појават на која било возраст. Се поголем број жени добиваат акни во триесеттите, четириесеттите, педесеттите години. Не сме сигурни зошто ова се случи, но знаеме дека акните и кај возрасните можат да бидат фрустрирачки.
ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЛЕКУВААТ АКНИТЕ
Митовите за акни се чести колку што е честа оваа состојба на кожата. Еден од најчестите митови е да се остават акните да одат по свој тек. Експертите знаат дека пуштањето акни по својот тек („ќе помине“) не е секогаш најдобриот совет.
Еве зошто: Акните не се само мозолчиња/бубулици. Студиите покажале дека луѓето кои страдаат од акни, исто така, можат да имаат:
Пониска самодоверба: Многу луѓе кои имаат акни велат дека присуството на акни ги прави да се чувствуваат лошо. Затоа тие не сакаат да се дружат, тие отсуствуваат од училиште и од работа.
Депресија: многу луѓе кои страдаат од акни не само што страдаат од пониска самодоверба, туку акните можат да доведат до депресија. Депресијата може да биде толку сериозна што некои луѓе развиваат суицидни мисли. Ова е особено изразено кај тинејџерите, на кои надворешниот изглед, им е многу важен во тој период на растење.
Темни флеки на кожата: се јавуваат кога акните ќе поминат (пост инфламаторна хиперпигментација). Може да поминат неколку месеци, па дури и години пред овие флеки да исчезнат.
Лузни: по цистични и нодулоцистични акни, често остануваат трајни лузни. Појавата на овие лузни може да се спречи. Задолжително посетете дерматолог во врска со третманот на акни ако се развијат рано – на возраст од 8 до 12 години. Ако некој од вашето потесно семејство страдал од цистични или нодулоцистични акни, контактирајте дерматолог ако имате акни затоа што лекувањето на акните пред да се развијат цисти и нодули може да спречи формирање трајни лузни.
КАКО ДА СЕ ЛЕКУВААТ АКНИТЕ
Достапни се многу ефикасни третмани за акни. Сепак, ова не значи дека секој третман во иста мера ќе му помогне на секој. Но, тоа значи дека секој вид на акни може да се контролира. Поблагата форма на акни може да се третира со производи без рецепт кои содржат бензоил пероксид и салицилна киселина. Ова може успешно да доведе до излекување, но тоа не значи дека акните ќе исчезнат преку ноќ, без оглед на ветувањата на производителот. Домашната нега бара да поминат 4 до 8 недели за да се види било какво подобрување. Штом лицето ќе се исчисти од акни, третманот мора да се продолжи уште неколку месеци за да се спречи нивно повторување.
КОГА Е ВРЕМЕ ДА ПОБАРАТЕ ЛЕКАРСКА ПОМОШ
Кога имате многу акни, цисти или нодули, лековите без рецепт може да не ви помогнат. Дерматологот може да ги предложи следниве видови третман:
- Локален третман: повеќето препарати за лекување се нанесуваат на кожата. Некои од нив делуваат на бактерии, а други на намалување на лачењето на себум. Овие лекови може да содржат ретиноид, поголема концентрација на бензоил пероксид, антибиотик или салицилна киселина, во зависност од тоа што е потребно во вашиот случај.
- Орален третман: овој вид на лекување е неопходен кога имате воспалителна форма на акни (црвени и отечени). Обично се препишува за лекување на цистични и нодулоцистични акни. И тоа некои од следниве лекови:
- Антибиотик (ги убива бактерии и го намалува воспалението)
- Орални контрацептиви и друга хормонска терапија (може да биде корисна кај жените)
- Изотретиноин – единствениот лек кој делува на сè што предизвикува акни.