ЦРВЕНИЛО НА ЛИЦЕТО

Црвенило на лицето или еритем на лицето (медицински термин кој често се среќава) е секако еден од симптомите кој најчесто се среќава во денешно време. Со оглед дека се наоѓа на многу видливо место, многу брзо и детално се забележува.

Иако е симптом на многу болесто, често по одредени карактеристики, црвенилото на лице може да укажува на точно одредена болест. Затоа е многу важно и кога црвенилото е прв пат забележано, дали исчезнува и повторно се појавува и во каква точна форма е.

ПРИЧИНИ

Во причините за црвенило на лицето се вбројуваат разни пореметувања и болести, од мали естетски проблеми до показатели на некои сериозни болести.

Нега на лицето – кожата на лицето е најизложениот дел од човечкото тело. Елементите како вода, ветер и сонце (и неговите штетни УВ зраци) речиси секојдневно доаѓаат во контакт со кожата на лицето.

Поради тоа, соодветната нега на кожата треба да биде дел од секојдневниот ритуал. Чистење, пилинг и нега со соодветни креми се нужни за одржување на здрва кожа. Мажите многу често помалку време посветуваат на нега на лицето на ваков начин, па затоа во овие случаи, почести се примерите кај жени.

РОЗАЦЕА – кожна болест која се карактеризира со црвенило на лицето. Црвенилото е лоцирано на средина на лицето, карактеристични се видливи мали крвни садови, а исто така, ццрвенилото периодично се појавува и исчезнуваа. Почесто се погодени жени на средна возраст.

АЛЕРГИСКИ ИЛИ КОНТАКТЕН ДЕРМАТИТИС – алергиска реакција што ја карактеизира претеран одговор на имунолошки одговор на надразба. Причина за алергиската реакција може да биде некој алерген од воздухот, прашина или едноставно допир во случаевите на контактен дерматитис.

АВТОИМУНИ БОЛЕСТИ – група на болести при кои имуниот систем се врти против нас и почнува да ги напаѓа здравите клетки и органи во телото. Многу од тие болести, како симптомот имаат еритем или црвенило во подрачје на лицето: системски ериматозен лупус, Сјогренов синдром…

ХОРМОНАЛНИ ПОРЕМЕТУВАЊА – менопауза, перименопауза, злоупотреба на хормони, хормонални болести и хормонални промени предизвикани од контрацепциски таблети, може да предизвикаат промени на кожата на лицето, вклучувајќи акни и црвенило.

КАКО ДА СЕ УБЛАЖИ?

Во решавање на проблемот со црвенило на лицето, се пристапува зависно од причината за појава. За жал, проблемот е што за многу од причините за појава на црвенило на лицето не постои едноставно решение во форма на лек, а често и самата болест што се карактеризира со црвенило на лицето предизвикана од разни фактори.

Поради тоа, за ублажување и намалување на овие симптоми, потребно е да се пристапи детално и методично:

Корегирајте ја негата на лицето – пилингот е потребен за да се отстранат изумрените површински клетки на кожата и да се исчистат порите (заедно со средство за чистење на лице). Кремите ја хранат и негуваат кожата. И серумот е одлична дополна во секојдневната рутина за нега на кожа, кој дава видливи позитивни ефекти на кожата.

Заштитете се од сонце – не само кожата на лицето, туку и остатокот од телото. Штетните УВ зраци исто така се честа причина за тумор на кожата.

Посетете дерматолог – понекогаш е потребен препарат на хормонална основа или креми кои се издаваат на рецепт. Корисно е да се посоветувате со дерматолог за видот на кожата и како да ја третирате и негувате.

Исхрана – лошата и небалансирана исхрана, хиповитаминоза и недостаток на одредени нутриенти може да биде погубна за вашата кожа.