Како да препознаете нервен слом

Нервниот слом всушност е стресна ситуација која доведува до неможност лицето нормално да функционира во секојдневието. Емоционалниот слом речиси секогаш е предизвикан од стрес и вознемиреност, кога лицето се чувствува преоптоварено во некој аспек од својот живот, што најчесто вклучува работа, односи и пари.

Нервниот слом не е здравствена состојба, самото име не е медицински израз, туку со него се опишува ситуација која укажува на тоа дека треба да решите некои ментални проблеми. Тоа е всушност состојба на умот и начин како телото зборува дека ја преминало својата граница на издржливост и дека треба да поработите на своите емоции.

ЗНАЦИ НА НЕРВЕН СЛОМ

  • Неправилна работа на срцето

Нервниот слом може да се идентификува преку неколку физички симптоми, но најчестиот е срцебиење или неправилната работа на срцето. За време на нервен слом, може да чувствувате како срцето ви чука од градите, што го отежнува дишењето. Ова може да го влоши проблемот и да ви оневозможи да се смирите.

  • Напнатост и главоболка

Стресот и вознемиреноста можат да бидат извор на интензивни главоболки. Тие имаат способност да се манифестираат физички, но ние најчесто сакаме да останат скриени во нас што предизвикува напнатост во телото, која на крајот „се движи“ во главата и предизвикува болка. Обидете се да дишите длабоко и да го исправите држењето на телото што ќе им помогне на мускулите на вратот да ослободат од притисок.

  • Неправилен сон

Кога сте под стрес, ноќниот одмор може да биде недостижен сон. Несоницата може да ве држи будни со часови, да ве разбуди неколку пати во текот на ноќта или да ве разбуди премногу рано. Но, понекогаш, интензивниот стрес може да предизвика прекумерно спиење,  но ќе се разбудите со чувство дека не сте спиеле добро и може да посакате да останете во кревет цел ден.

  • Желудочни проблеми

Стресот, нервозата и вознемиреноста можат да предизвикаат акутни и хронични болки во желудникот. Дигестивниот систем е директно поврзан со нашето ментално здравје. Високото ниво на стрес често е предизвикувач на синдром на нервозно дебело црево, поттикнат од реакцијата на имуниот систем на стресот.

  • Неможност за концентрација

Уште еден знак на нервен слом е неможноста да се концентрирате. Вашиот ум предолго бил фокусиран на премногу работи, а сега му е невозможно да се фокусира на една одредена задача.

Одредена доза на стрес може да ја зголеми функцијата на мозокот и да ни помогне да се концентрираме, но хроничниот стрес има моќ да го направи токму спротивното. Во најтешките случаи, стресот може целосно да ја попречи способноста на мозокот да ја задржи меморијата.

  • Анксиозност

Стравот обично поттикнува анксиозност, која не се гледа веднаш поради чувството на парализа. Но, кога ќе сфатите дека навистина сте анксиозни, добро е да пробате природни начини на релаксација како јога, престој во природа и длабоко дишење.