КОКОШКИНА КОЖА (KERATOSIS PILARIS)

Keratosis pilaris или кокошкина кожа е состојба која се карактеризира со црвени дамки и испакнатини, а изгледа слично како кога ќе се наежите. Чувството кога ќе го допрете тој дел од кожата е груб и рапав, а споменатите испакнатини се многу мали, со големина на зрно сол. Најчесто испакнатините се јавуваат на рацете, бутовите, задникот, но понекогаш може да се појават и на лицето, па луѓето ги заменуваат со акни.

Со сигурност не се знае зошто се појавува, но повеќето лица кои имаат кокошкина кожа, имаат природно сува кожа.

Кожата кај луѓето во својот состав содржи кератин, а околу 50% од луѓето генетски се предиспонирани, прекумерно да го произведуваат. Кога вишокот кератин ќе остане заробен во фоликулот на влакното, тој формира грб и подигнат чеп. Потоа затнатите фоликули предизвикуваат воспаление и тоа доведува до црвенило на кожата.

Кокошкината кожа може да биде многу фрустрирачка за лицата кои ја имаат, оти многу тешко се лекува. Но, keratosis pilaris, често не е сериозна и не е заразна.

Предноста е што пациентот, сам може да го подобри изгледот на кожата, така што ќе прави редовен благ пилинг на кожата. Но, и овие совети може да помогнат:

  • Не ја гребете или лупете кожата, за да ги отстраните акните (испакнатините), оти освен што може да дојде до инфекција, кожата ќе изгледа полошо, а може да останат и темно лузни.
  • Не се чешајте по зафатеното подрачје на кожата
  • За капење и туширање користете млака, а не жешка вода
  • Користете хранливи масла за нега на телото (бадемово, арганово…)