РОЗАЦЕА

Розацеата е хронично заболување на кожата кое се манифестира во вид на црвенило на образите, брадата и челото. Региите околу очите повремено може да бидат зафатени, што може да доведе до појава на јачмен или конјуктивитис.

Најголемиот процент лица кои ги ‘напаѓа“ розацеата се со светол тен и изразена чувствителост на капиларите на кожата на лицето. Со оглед дена не се знае причината а појава на розацеата, извесно е дека генетскиот фактор има поголема улога.

КАКО СЕ МАНИФЕСТИРА РОЗАЦЕАТА?

Ова пореметување на кожата најчесто се јавува кај жените на возраст од 20 до 50 години. Заболените лица примарно чувствуваат топлина и пецкање на кожата, како и болка на зафатената регија на лицето. Вообичено, потреебен е одреден тригер за да дојде до појава на симптоми, а тоа може да бидат стрес, алкохолни пијалаци, сончање. Капиларите на лицето нагло се шират и предизвикуваат црвенило, жештина на лицето, пецкање… а кога често доаѓа до вакци ситуации, капиларите остануваат трајно проширени и видливи на лицето.

Ако мислите дека имате розацеа, важно е што поскоро да закажете преглед кај својот лекар или дерматолог. Студиите покажуваат дека може да ги намалите симптомите и подобро да ја контролирате болеста ако на време почнете со лекување.

Лекарот ќе ви каже повеќе за различните видови на оваа болест, како и за симптомите на кои треба да обрнете внимание. Исто така ќе добиете совети како розацеата во вашиот случај може да најдобар начин да се лекува.

При разговорот со лекарот, што појасно опишете ги ваите симптоми. Точниот опис на симптомите ќе му помоген на лекарот да утврди кој вид на розацеа имате и кој начин на лекување вам најмногу ќе ви одговара.

РОЗАЦЕАТА СЕ ЈАВУВА ВО 4 КЛИНИЧКИ ФОРМИ:

Rosacea eritemoteleangiectatica – црвенило и видливост на капиларите се појавува во централниот дел на лицето. Често е чувство на топлина е пецкање. Кожата може да стане чувствителна, болна и отечена.

Rosacea papulopustulosa – симптомите потсетуваат на мозолчиеа со црвенило, додека кожата може да биде осетлива.

Rosacea phymatosa – овој вид на розацеа е редок. Симптомите вклучуваат задебелување на кожата на лицето, обично на носот. Меѓутоа, задебелувањето може да се јави и на челото, образите или некаде на друго место на лицето.

Rosacea ocularis – овој вид го зафаќа пределот околу очите. Очните симптоми вклучуваат црвенило, солзење, чувствителност на светлина и замаглен вид.

КАКО СЕ ПОСТАВУВА ДИЈАГНОЗА

Не постои одреден тест со кој може да дјагностицира розацеа. Наместо тоа, лекарот се потпира на историјата на вашите симптоми и преглед на вашата кожа. Постои можност лекарот да направи и други тестови за да утврди да не имате псоријаза, егзема или лупус, со оглед дека овие состојби може да имаат симптоми слични како кај розацеа.

Ако имате црвенило и околу очите, можно е лекарот да ве упати и на преглед кај офталмолог.

ЛЕКУВАЊЕ

За лекување на розацеа, обично се користат препарати во форма на креми, лосиони или гелови, кои се нанесуваат на зафатените регии по препорака на дерматологот.

Во одредени случаи, се препорачува употреба на лекови, како и избегнување на предизвикувачи кои ги влошуваат симптомите на болеста, како што се стрес, алкохол, зачинета храна и изложување на сонце.

Во некои случаи, може да се предложи ласерска терапија за да се намали црвенилото предизвикано од зголемени крвни садови. Повремено ќе биде потребно да се повторува третманот со цел да се задржи подобрениот изглед на кожата.

Ако розацеа не се лекува, состојбата може да се влоши, што ќе доведе до почести или трајни симптоми.

Времетраењето на лекувањето зависи од видот на розацеата и стадиумот на симптомите.

Ако болеста предизвикува задебелување на кожата и видливи крвни садови, разговарајте со вашиот лекар за тоа кој е најдобриот начин за ублажување на постоечките симптоми.

РИЗИК ФАКТОРИ

Различни фактори во вашиот секојдневен живот можат да влијаат на појавата на болеста, како што се:

  • Зачинета храна

Во една студија на повеќе од 400 лица, откриено е дека зачините и зачинетата храна ги влошуваат симптомите кај дури 75% од возрасните со розацеа. Зачинета храна може да влијае на проширување на и да предизвика црвенило на кожата.

Одредени намирници може да предизвикаат симптоми на розацеа кај некои луѓе, а кај некои не. Како и со алергиите на храна и други состојби, важно е да одредите која храна влијае на вашите симптоми. Процесот на откривање на храната што треба да ја јадете и избегнувате може да потрае. Разговарајте со вашиот лекар или нутриционист за тоа која диета е најдобра за вас.

Можеби ќе ви треба подолго време за промените во исхраната да станат составен дел од вашиот секојдневен начин на живот, но на долг рок, напорот се исплатува.

  • Алкохол и розацеа

Истражувањата покажуваат дека консумирањето алкохол ги влошува симптомите на оваа болест. Дури и мала количина алкохол може да предизвика симптоми на црвенило. Треба да се избегнуваат сите алкохолни пијалоци, вклучувајќи вино и пиво.

  • Одредени лекови

Некои лекови и додатоци влијаат на протокот на крв во кожата, што резултира со влошување на симптомите на розацеа.

Вашиот лекар дефинитивно ќе го сврти вашето внимание на ова, особено затоа што се работи за често користени лекови, како некои за крвен притисок, па дури и некои од најчесто користените креми кои содржат кортикостероиди.

  • Стрес и розацеа

Како и со многу други болести, стресот може да биде „тригер“ и во овој случај, односно „помага“ да се појави розацеа. Затоа, потребно е да се елиминира стресот, односно да се практикуваат активности што ќе го сведат на минимум (лесни физички вежби, јога, релаксација…)

  • Сончева светлина

Избегнувајте изложување на сонце, користете заштитен фактор и внимавајте на хидрираноста на кожата.

ТРЕТМАН

Достапни се различни третмани за лекување розацеа, но она што го јадете и внесувате како додаток во исхраната, може да ви помогне да го намалите осипот и црвенилото.

Истражувањата покажуваат дека одредена храна може да предизвика појава на розацеа. Во една студија, 78% од возрасните лица со розацеа изјавиле дека внеле значајни промени во својата исхрана, додека 95% од нив изјавиле дека резултатот им бил, болест со значајно помалку симптоми.

Во исхраната може да вклучите и:

  • Омега-3 масни киселини
  • Пребиотици
  • Цинк